При една глувчешка гозба настрадаа овие три трски, поточно деловите кои се обложени со плута. Пријателот ме замоли да му ѓи поправам, со малку труд репарацијата излезе добра. Утре уште да ги поминам со жолт парафин и веќе се спремни за новата сезона.
По завршување на гозбата
Малку сомелена плута и двокомпонентно лепило
Припремаме малку смеса од плута и лепило
Нанесуваме на оштетеното место
Местото е целосно покриено, оставаме да стегне лепилото
Обработуваме прво со груба а потоа со фина шмиргла, резултатот е видлив
Утре целата површина од плута ќе ја премачкам со жолта парафинска свеќа и санирањето ќе е комплетно