Сите ние криеме по некоја карта испод ракавот, мојот џокер е стимулаторот. Со текстов сакам да опишам некој мој искуства и размислувања за оваа мушица
Септемвриско попладе, ранците полни со храна и сите други намирници потребни за ноќта која беше пред нас. Се упативме со Илија према
Vojmån, река која се наоѓа во северна Шведска во јужниот дел од областа Лапонија.
Локацијата не беше случајно избрана, пријателството со Маркус што го стекнавме на
Ransarån беше причината за тоа. Несебично ни раскажа за своето тајно место каде се кријат капитални липањи и пастрмки и не покани на истото, нам воопшто не ни беше тешко да ја прифатиме поканата. Следниот ден Маркус не запозна со местото а при тоа и се збогувавме.
Попладнето ни беше испланирано за сува мушица а вечерта за стример.
Уморен од изминатите денови поминати покрај
Ransarån, седнав прво да сварам кафе и поуживам во природата прибирајки ги мислите кој сеуште беа обземени со предходната река.
Илија немаше проблем со заморот и веднаш се фати за мушичарката. Варејки го кафето ја набљудував реката во очекување да видам некаква активност на површината. Бојата на водата поприлично темна но бистра, вероватно поради длабочината од три и повеќе метри а и многу разбранувана поради јаката струја и брзина со која тече во овој дел.
Станав да го повикам Илија на кафе а он веќе успеал да прелаже еден липањ.
Капитален примерок за оваа врста риба која наскоро по сликањето беше вратена каде што и е местото.
Ова не ме остави рамнодушен, набрзо уморот беше заборавен, кафето испиено а мушичарката спремна за зафрлање. Се решив за подебел подвез бр 0,20 мм поради брзината на водата како би избегнал кинења, изборот на мушица беше лесен. Кога се работи за сува мушица, Клинкхамерот има примарен статус кај мене, скоро секогаш почнувам и завршувам со неа.
Во ситуација кога не гледаме активност на површината би требале да започнеме со пократки зафрлања а потоа да напредуваме со се подолги како не би ја исплашиле рибата која ни е во близината.
Ја ова непишано правило го занемарив и веднаш пробав да ја префрлам реката небаре целата риба е од таа страна. Веднаш се соочив со фактот на брза и разбранувана река, едноставно не можев да си ја пронајдам мушицата. Колку и да се трудев да го пратам целиот нејзин лет и паѓањето на вода, она веднаш исчезнуваше од мојот видик. Почнав да зафрлам пократко и пократко и уште пократко, менував мушици се почесто но и ова не вроди со плод. Се потрудив да го пратам шњурот надевајки се дека на тој начин ќе успеам да видам евентуален удар. Но неможноста да се прати мушицата при лов на површина е во најмала рака фрустрирачки. Движењето на мушицата на површината на водата мора да биде природно онака како што ја носи реката, ако почне да прави лактови и неприродни движења непратејки ја струјата на реката резултатот ќе биде неуспех.
На крајот се решив да пробам и стимулатор, поради неговата големина знаев дека визуелниот контак ќе постои, но липањот е познат по својата пребирливост и дека најчесто се лови на #18ки и #20ки а мојот стимулатор е #8
Стимулаторот
Зафрлив во работ на најбрзиот дел о реката очекувајки удар во помирниот дел, овој пат на мое задоволство можев да ја пратам мушицата за целото време . Второто зафрлање малку повнатре во брзакот од кој со невероватна брзина и агресивност излета една риба и на мое задоволство го зема стимулаторот. Морам да признаам дека чуството беше како да сум освоил златна медалја на олимпијада. Илија дотрча и ми асистираше со кепчето. Брзо сликање и враќање назад.
Седнавме двајцата на камењната поред реката и се изнасмеавме гледајки ја големината на мушицата чудејки се на тоа дека липањ удри на неа. Почнавме да ги нагаѓаме причините и да ја анализираме случката. Брзо заклучивме дека водата е пребрза и предлабока и дека рибата нема многу време за анализирање на мушицата . Големината на пленот исто значи и повеќе протеини со помалку потрошена енергија поготово во вакви услови каде што водата е пребрза и каде што малиот плен може да значи повеќе потрошена енергија од таа добиената. Се присетив на скопска Треска каде што при пуштена вода имав улов на пастрмка на кадис врзан на јадица #8, се потсетив и на Словенија каде на огромна мајска од неколку см имав улов и две промашувања во слични услови при роење на мали кадиси.
Наеднаш сето ова стана логично. Решив да пробам друг стимулатор со слична големина кој веднаш вроди со плод. Го променив и него и врзав друг стимулатор со иста големина и повторно удар. Победнички дух ме обзема а на задоволството му немаше крај. Полека почна да се стемнува и време беше да се загрее шведско војничко гравче и да се собере снага за ноќта која беше пред нас исполнети од тоа што межевме да се поучиме од денешното искуство.
Што е стимулатор и што имитира
Стимулаторот по правило е голема сува мушица. Опавчето е од елен или лос, телото е направено од две бои кој се контрас една со друга, пример жолта со црвена и слично. На телото има намотано хакел не многу густо а крилото е масивно и е исто така од елен или лос. Лосовото крзно е подобро од од она на еленот затоа што подобро залегнува и останува поправо за разлика од еленот кој се подига.
После крилото, повторно се намотува хакел само овој пат доста густо и во голем обем. Сето ова го прави стимулаторот многу пловен.
Примери на стимулатор
Стимулаторот може да имитира се. Од земјени инсекти, бубачки и скакулци до големи кадиси камењарки и слично. Секој љубител на сувата мушица треба да ја има во својата кутија како џокер. Во дадени услови може да биде добитна комбинација кога ништо друго не функционира.
Дефинитивно во прва прилика ке ја пробам на Треска на пуштена вода. Мислам дека најуспешни периоди за неа би биле раната пролет пред масивните роења и есента кога роењата стивнуваат