Да ја продолжиме традицијата,
2013-та година и сите рибарски доживувања во истата остануваат зад нас.
Стратегии, мамци, опрема, техники, временски прилики и неприлики, скари, салати и ракии, доживувања, промашувања и секако полни мрежи и добри излети. Кога и каде јадеше, а кога не јадеше. Веќе четврта година по ред
http://www.ribar.com.mk и форумот ги архивира сите приказни и доживувања кои ги направивме изминатава година и кои ги споделивме со глобалното рибарско семејство, за да се потсетиме иднава година, каде, кога и на што јадеше, а еден ден и нашите внуци да гледаат како тоа нивните стари се забавувале.
Време е за избор на НАЈРЕПОРТАЖА на годината.
Изминатата година по номинирање на повеќе репортажи, победник беше репортажата под наслов
Carp fishing team Ribar 2011 Глобочица Натпревар
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=97&t=2612
За 2013 допрва ќе видиме
ПРАВИЛА ЗА ИЗБОР
1. До 30-ти јануари – НОМИНАЦИИ
2. Од 30-ти јануари до 20-ти Февруари ГЛАСАЊЕ
Засега во оваа тема да номинираме Репортажи кои ќе се тркаат за НАЈРЕПОРТАЖА 2013, а за гласање ќе отвориме нова тема.
Номинирањето ќе се одвива преку коментари, со пишување на името на Репортажата и евентуално линк од нејзе.
Секој може да номинира колку сака репортажи (ама пожелно е да номинира неколку) кои него му се допаѓаат.
п.с Беше размислено за повеќе избори, тематски, како што имаше предлог од некои поединци минатата година, но засега нема да има таков избор, поради тоа што ќе треба да има 5 теми (тапа, спин, мушица, крапски, и една заедничка) за номинација, после тоа 5 теми за гласање и сл..., а и не е убаво да се делиме, како што има една тема Репортажа од мојот излет, така има и еден избор за Репортажа на годината.
Бујрум