www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 5:33 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789ELLIPSIS13»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 3:26 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ilija НапишиCOLON
Ico
Ne to krkash ti, tiku edino ti smiruvase deka ne e nisto strasno i deka slobodno mozes da si lovis so starara dozvola neli poradi tradicijata. :D
Dali Ico ( i kolku si siguren) jas mozam da otidam utre na Vardar i da lovam bojnik?
Dali dokolku dojde cuvar na SRD Vardar i mi pobara dozvola mozam da mu kazam " Ico Zajakovaki mi rece deka mozam da lovam"?
Dali dokolku dojde inspektor na MZSV i mi pobara dozvola mozam da mu kazam " Ico Zajakovski mi rece deka mozam da lovam"?
Sigurno deka ne, pa zatoa prikluci ni se vo taborot na ribolovci koj sakat da stavat kraj na ova bezredie.
Iskreno jas go cenam i ona sto go kaza deka dosega nikoj ne pravel problem. No podobro da imam crno na belo ako vekje i taka sum resen da vadam godisna .


mesas babi i zabi,, izlezi na teren i ke vidis kako e,, nemoze nekoj da bide posten na voda i da plati dozvola za 2014 a nema legitimacija.. ne e problemnot u ribarite ne od sega nego pred 50 god,kaj nekoj drug e, kako so kartoncinjata na vrmeto zeleni kartoncinja.. a sto s odnesuva do zakon skopski reviri domakinsko skopsko rabotenje, svrtete se okolu vas rekite revirite i zerata i od tamu pocnete,,

od druga strana na forumov se site , koncsioneri precedateli na federacii pobarajte konkreten odgovor od niv, ne treba da me citirate mene od pricina sto jas razmisluvam gi spodeluvam faktite kako sto see u realnosta, sto iskreno mene ne mi smetaat a veruvam i na mnogu kolegi..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 3:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
g.cuculoski НапишиCOLON
Според постов на Јане , би отворил тема :
Дали има во МК чесни концесионери ?
А да не отвораш поарно, м? :lol: :hit_head:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 5:18 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Филип НапишиCOLON

Ицо, ако утре сакам да одам и да ловам бојник на Вардар кај Градско, кои ми се опциите?

- Да отидам без легитимација за 2014 и дозвола и да бидам криволовец?
- Да дојде Шефкет и да ми побара 200 денари на парагонче, па јас после фино да го пријавам во УЈП?
- Да си седам дома ко мисир и да чекам да излезат маркици за 2014, па одлука за цени на дозволи за 2014, па да си уплатам како човек и да отидам да ловам, откако ќе помине зимската сезона за бојник?
Третата ти е најсигурна :D ...а одговор и ти и Илија барате од погрешен човек... :mrgreen:

Инаку и ти и Илија и Борис многу убаво пишувате...ама брате на ПОГРЕШНО МЕСТО :mrgreen: . На форумов и сонет да напишете проблемот нема да се реши.
Што бенефит ќе видиме од постот на Борис во кој “партал“ ги направи надлежните и она познатото ...треба вака, треба онака...!!!??? Ништо. Едно големо НИШТО. Во ниеден пост не прочитав предлог како да се покрене иницијатива и што да се превземе овој проблем засекогаш да се надмине. Тоа би бил правилен пристап, а не полемизирање со пост на еден член во кој НИКАДЕ не е напишано да се оди на риболов без дозвола. Впрочем и да е напишано, сметате дека има толку наивни членови на форумов кои прочитаното “ќе си го врзат во крпче“ ???

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 7:48 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
За понатамошна дискусија за темава мислам дека би било добро ова да го знаеме сите


Член 49 (Легитимација за рекреативен риболов)
Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.

Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска години и се продолжува за секоја наредна година.

Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање и/или продолжување.

Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за:
- 70% за реализирање на работите од членот 82 на овој закон и
- 30% за Буџетот на Република Македонија уплатени најдоцна до 31 декември за тековната година.

Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по претходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон.

Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Македонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член.

Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година.

Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година.

Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.



Член 50 (Дозвола за рекреативен риболов)
Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов.

Дозволата за рекреативен риболов може да биде:
- годишна за сите риболовни води во Република Македонија - државна дозвола,
- годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона,
- петнаесетдневна,
- седумдневна и
- еднодневна.

Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов.

По исклучок на ставот 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани.

Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот.

Формата и содржината на образецот на дозволата и образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Член 51 (Надоместок за издавање на дозволите за рекреативен риболов)
За издавање на дозволата за рекреативен риболов од член 50 став 2 се определува надоместок.

Надоместокот за издавање на државната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 1 од овој закон со решение на годишно ниво го определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надоместокот е во висина на највисокиот определен надоместок за издавање на годишната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 2 на овој закон зголемена за два пати.

Висината на надоместокот за издадената дозвола од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 на годишно ниво ја определуваат концесиoнерите на риби по претходно добиена согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Член 52 (Издавање на дозволите за рекреативен риболов)
Дозволите од членот 50 став 2 на овој закон ги издава министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон се издава на рекреативните риболовци по претходно доставен доказ за уплатени средства согласно со членот 53 од овој закон.

Дозволите од членот 50 став 2 алинеи 2, 3, 4 и 5 од овој закон се издаваат на концесионерите на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони и корисниците на рибите од подрачјата на националните паркови со задолжување, за тековната календарска година ако имаат одобрен годишен план согласно со членот 17 од овој закон и со доставен доказ за платен надоместок за концесија за претходната година.

Концесионерот на риби задолжените дозволи ги издава за риболовниот ревир или рекреативната зона за кои му е дадена концесијата.
Концесионерот е должен да води евиденција за бројот за издадени дозволи и евиденција за количината на уловена риба и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Концесионерот е должен да определи и видливо да обележи места на кои ќе ги издава дозволите за рекреативен риболов.

Концесионерот смее да издава дозволи за рекреативен риболов само на определените места за издавање дозволи.

Начинот на издавање на дозволите и потребната документација, формата и содржината на образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Член 53 (Распределба на средства)
Уплатата на надоместокот за издавање на дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон, се врши на следниов начин: - 70% во Буџетот на Република Македонија и - 30% на сметка на риболовното здружение чиј член е корисникот (сопственикот) на дозволата.




А ова се членови од закконот кои се спомнуваат во погорниот извадок од Законот за Рибарство кој нас не засега


Член 17 (Годишен план)
Во согласност со секоја риболовна основа се изработува годишен план за заштита и стопанисување со рибите (во натамошниот текст: годишниот план).

Годишниот план со позитивно мислење добиено од овластената установа - изработувач на риболовната основа за определената риболовна вода корисникот на риболовното право (во натамошниот текст: концесионерот) го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 ноември во тековната година за наредната календарската година.

Годишниот план особено содржи:
- прираст и количини на риба во риболовната вода по видови,
- дозволен годишен и дневен улов по видови,
- план на порибување по количини и видови и потребни средства за порибување, - мерки и начини на заштита на риболовната вода и организација на рибочуварската служба и
- планирани парични средства и намена на истите.

Годишниот план го одобрува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот барањето за мислење го доставува до овластената установа од ставот 2 на овој член најдоцна до 15 септември во тековната година за наредната календарска година.

Овластената установа од членот 74 на овој закон е должна да издаде мислење на концесионерот најдоцна во рок од 30 дена од денот на добивањето на барањето.

Доколку овластената установа од членот 74 на овој закон не го достави мислењето во предвидениот рок се смета дека годишниот план е потврден.

Содржината на годишниот план поблиску ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.




Член 74 (Овластена установа)
Работите во областа на развојот и унапредувањето на рибарството ги врши овластена установа.

Овластување за вршење на работи од областа на рибарството добива установа со решение кое го издава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по претходно поднесено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да добие овластување установата од ставот 2 на овој член треба да ги исполнува следниве услови:
- да има вработено најмалку едно лице со VIII степен образование од областа на рибарството,
- да има вработено најмалку едно лице со VII степен образование од областа на рибарството,
- да има лабораторија за ихтиолошки и хидробиолошки анализи и
- да поседуваат соодветна опрема за извршување на задачите од областа на рибарството.




Член 80 (Македонска риболовна федерација)
Македонската риболовна федерација (во натамошниот текст: Федерацијата) е облик на здружување на сите здруженија на рекреативните и спортските риболовци од Република Македонија со цел за остварување и усогласување на своите и заедничките интереси и заради вршење на активности кои се стремеж кон збогатување на облиците на организирање и дејствување од областа на рекреативниот и спортскиот риболов.

Членови на Федерацијата можат да бидат и други организации, друштва и клубови кои имаат врска со рекреативниот и спортскиот риболов.


Член 81 (Јавно овластување)
Федерацијата од членот 80 на овој закон ги врши работите кои како јавни овластувања и се доверени со овој закон.

Федерацијата од ставот 1 на овој член треба да:
- дејствува на подрачјето на целата држава,
- има квалификувани кадри за изведување на јавните овластувања и - има воспоставено инфраструктура за изведување на јавните овластувања.


Член 82 (Работи на Федерацијата)
Федерацијата ги врши следниве работи:
- заштита на водите и рибите во нив,
- заштита и унапредување на животната средина,
- дава помош, соработува и врши контрола на терен во организирањето на спортскиот и рекреативниот риболов на своите членки,
- издава легитимација за рекреативен риболов,
- води евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов,
- водење евиденција и статистика од областа на рекреативниот риболов,
- организирано јакнење на здруженијата на спортските риболовци и нивна меѓусебна соработка,
- насочување и координирање во работата на здруженијата на рекреативни и спортски риболовци,
- соработка со други организации, органи и здруженија,
- развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов,
- унапредување на врвното спортување заради репрезентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план, - омасовување на рекреативниот риболов,
- издавање брошури и други стручно-информативни материјали,
- утврдување и реализирање на системот за натпревари во спортски риболов, - подготвува програми и спроведува семинари и курсеви за стручно дооспособување на рибочуварите и
- преку програмата од членот 49 став 5 на овој закон обезбедува техничка помош во висина не поголема од 10% од остварениот приход од членот 49 став 4 алинеја 1 на овој закон за издадените легитимации.
-
Федерацијата за извршувањето на работите од програмата од членот 49 став 5 на овој закон доставува извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 31 јануари од тековната година за минатата година.


Член 83 (Финансирање на Федерацијата)
Федерацијата за остварување на работите од членот 82 на овој закон, се финансира од следниве извори од:
- наплатен надомест од издадените легитимации за рекреативен риболов, - продажбата на државните дозволи за рекреативен риболов,
- спроведување на семинари, курсеви, оспособување и - донации, членарина и други извори на средства.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 9:06 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
uste clen 92 fali :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 9:33 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Член 92
(Дозволени риболовни средства, дозволена големина и количина на уловена риба)

:confused: Што врска има овој член со важност и издавање на дозволи


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 10:38 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
e kako nema,,, ne e toj

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 11:40 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Дај напиши од кој службен весник е тој твој ЧЛЕН 92


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 11:43 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:lol: :lol: bobi ne se zmaraj, ja onaka staviv 92 :mrgreen: :mrgreen:
a i ne me interesira..

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 10, 2014 11:48 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Не ти е на МЕСТО заебанцијата


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789ELLIPSIS13»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 52 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum