Да се започне уште една риболовна сезона е кеифот на секој рибар,така и ние со неколку колеги од Куманово и Кочани од нашиот форум .. Рибар 2011..решивме да направиме едно сефте на една за нас позната вода ,односно во последен момент се договоривме да го посетиме -- Моме -- или по нашки кажано на Гого Монд.
Во овој вакум простор додека да се извадат легитимациите и да излезат новите дозволи за престојната риболовна сезона мислам дека се добредојдени и вакви излети или дружења на било која вода.
И секако дека е важно излегувањето од дома во природа кое по малку мора да признам дека на секој од нас ни фали.
Договорено си е договорено.
Затоа што временските услови не се баш за риболов , а утрата се ладни и свежи решивме нашето рибарење да биде со покус временски период па се собравме некаде околу 10 часот на самото место,си направивме краток муабет околу риболовот и со надеж дека ке излезе некоја ..РИБКА..се почна со распакување на опремата што ја имаше поприлично –МАШАЛА—ова Крапџииве биле спремни Рибаришта.
Се почна со зафрлање и местење на мамците а меѓу нас како и вообичаено најгласен беше другарот Даниел па Димитар со неговите колеги од Кочани ,Тафта тук таму ке му преправеше нешто на Даниел ,а јас ..СИРОТ..мирен како бајче, гледам и си викам кај се најдов меѓу волку –МАЈСТОРИ-.
Ваков Дип онаков Дип , ваков систем онаков систем, ваква боила онаква боила, не е тоа за мене –ЦРВ--бе брату на тоа сум навикнал.
Се шегувам .
Времето или тие неколку часа на вода ни поминаа во смеа , расположение кажувања на разни бисери и гачки како и меѓу сите рибари.
Еве нешто од самото место.
Дворот на Моме иако во лето изгледа доста поубаво него во овие зимски и ладни денови.
Даниел како прихранува со неговата позната Боила со арома бла ,бла и изглед бла бла а сепак најубава по боја ..ЗЕЛЕНА..
А овој Фраер е од главниот град Скопје и фрла како шашав.
дел од опремата на десната страна но левата беше поприлично зафатена.
Екипата од форумот Рибар 2011.
Расположено друштво покрај салатичка мезе и ракиичка.
Како што реков тој што беше најгласен тој и вадеше.
Пофторно истиот дечко.
Тие што знаеа да ловат ,ловеа а останатите си ...КВАЦАА ЈАЈЦА... цел ден ,и се надевавме дека ке го избегнеме црномурестиот ама ништо од тоа ,црниот не чекаше кај.. Криво Крушче..после Ветуница на мостот.
И на крај поздрав до сите ..ЗАЈЦИ..ова крапскиот риболов бил интересен.
Ги поздравувам сите колеги што беа на ова рибарење и ми беше чест да се запознам со колегите од Кочани а посебно со Димитар .
Бистро до наредната.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум