Неможам да кажам ништо лошо за Penn Surfblaster 8000 ги земав користени.. малце козметика чепната на нив.. конецот кој го имаа на нив беше тешка скапаница и многу дебел па изгледаше како да го реди ама не го реди баш..
Е сега кога ставив нов конец.. ги исчистив.. ги средив.. неможам да им најдам замерка.. Комбинација се на дур алуминиум со графит.. шпулните се конусни тапер шпулни.. кочницата е брза и прецизна.. главната оска е дебела колку една цигара Од еден дел излиен е преклопникот стоперот работи перфектно.. последно кога бевме со Максим ги малтретирав како што секоја ја малтретирам и немаше ниту еден проблем..
Според Пен.. имаат инокс осовина, преклопник и тефлон пресвлака на шпулните.. Стигнаа со шпулна за плетеница 0.18/300м плитка и нормална шпулна..
Гледам дека бааги ги користат за сурф.. па и затоа е 100% отпорна на сол/вода/корозија..
Ги отворив да видам што механизам имаат.. и се зачудив на дебелината на деловите кој се користат.. стварно е oversize и преносот и целиот механизам..
Е сега големото прашање.. до кога ке траат и како.. останува да видиме.. само мислам дека нема да има проблеми..
_________________
ЗСРРК Мак Дам
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport