Прекрасна дружба.
Собранието невообичаено. Сум бил на многу такви, верувајте. Ова беше некако нестварно.Кој дел да го фатиш, не е секојдневен, како до сега, било каде. Извештаите за порибување, лицитации, финансово работење, акции, Форумот, натпреврари, мислиш бајка некој раскажува, а се е вистина. Плановите за догодина, во ист стил, реални препоставки, очекувани резултати и спектар од активности кои слободно ќе констатирам, НИКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ НЕМА, барем не на таков начин и во тој обем и квалитет.
Кај жабарот саде насмевки, се убави луѓе, кој од кој. Подстиснати, згреани едни до други, ама и во душите, На секоја маса смеење, шеги, извештаи, планови. Насмеани лица, мераци за дружба и делба на најубавото, риболовот.
Се наметнува еден заклучок. Рибар 2011 не е локално здружение со микро планови и програми. Рибар 2011 е ЛИДЕР во Македонија и фала му на горниот што тоа е така. Се почувствував повластен со членството и горд дека и догодина заедно ќе чекориме. Кон подобро, поинтересно, помасовно, поквалитетно. _________________ CARPE DIEM
|