Во Неделата на 9-ти бењ решен да одам три дена на риболов , но не било пишано. Во Саботата кога се отвори небото , па еден дож кој продолжи и цел ден во Неделата. Ако на тоа придодадам дека температурата од 26степени падна на 4-ри може да си ја замислите целата ситуавија.
Значи патувањето се одложи и гледајќи ја временската прогноза решив да тргнам во Среда. Боилите уште од Саботата беа на балкон , разни аромати та доле се собраа сите мачки и кучиња од цело маало.
Го дочекањ и мојот ден Д и рано сабајле пијам кафе , слушам прогноза за времето кога во еден крај од Бугарија земјотрес а и воздушниот притисок низок у ПМ. Ту си викам па зарем е возможно да сум толку баксуз, ама нема назад , припремите одавна се готови и почнува товарењето на приборот.
Малку за носењето на приборот: значи на типот кој го измислил лифтот ако Шведите не му доделиле Нобелова награда ќе си носат грев на душата цел живот. Мислам дека тоа е најголемиот пронајдок на сите времиња.
Е кога се беше натоварено тргнав кон езерцето на околу 80км. од Софија кон едно мало место Костенец. Меѓу крапџиите е познато под името Суки Лејк , многу пријатно место за одмор и отпуштање од секојдневниот хаос во големите градови. Како патував се јавив на консесионерот да го запрашам за совет која позиција ќе ми ја препорача за ова годишно време. Не дека не сум ловел таму но и не толку често па така секој совет кој ќе допринесеше риболовот да е интересен беше добре дојден.
По краток договор решивме да ловам на позиција 1 тоа е до самата брана во длабокиот дел од езерото. Ниските температури допринесоа водата да е доста ладна па претпоставувамвме дака и рибата е повлечена во подлабокиот дел.
Пристигам на езерото се пријавувам кај чуварот и со колата се упатувам кон моето место. До мене на 2-ра позиција имаше двајца колеги а на 4-та еден колега ловеше сам. Кратко запознавање , малку муабет околу тоа активна ли е рибата или не и Јас земав да се приготвувам. Прво го отворив шаторот ( си викам какво е времево ајде да не седам во кола цел ден ) потоа новиот род под кој за првпат го тестирав на овој риболов , па трски и се друго.
Уште од дома си бев подготвил малку прихрана , боили искршрни , околу кило пченка исто толку пелети и околу половина килограм коноп. Решив да не форсирам многу со ситна прихрана , само неколку ракети а остокот од прихранувањето си беше само боили
Првиот ден ми се насмеа среќата со еден шарко од околу 10кг. (рибите одавна не ги мерам, ми се чини бесмислено,не да немам со што) па ако на некој му се види мојата проценка преголема , прифаќам корекција. После него дојдоа уште две бебиња та веќе и расположението си беше на ниво.
Во Четвртокот сабајле дојде Пламен конценсипонерот на езерото та тој ден ловевме заедно . Ова ловевме читајте го во наводници, цело време си го отседовме ете така во муабет, времето де сончево , де ветер , де дожд. Ме чуди како и снег не заврна. Некаде после пладне поново риба кај мене и уште едно бебе.
Почна да се смрачува па Пламен бидејќи си имаше други обврски си тргна и Јас останав сам на целото езеро. И другите колеги некаде околу пладне си беа тргнале.
Сигурно од бебе не сум си легнувал во 18 а станувал во 8 наутро . Е тука тоа ми се случи и двете ноќи. Всушност втората станував бидејќи рибата за моја радост беше решила да јаде. Е се ќе беше супер ако цела ноќ не врнеше , па и покрај топлата облека не е многу пријатно во никое време да вадиш крапови а врне ли врне. Ама тоа си е. До утрото имав четири риби во карп саковите му телефонираф на Пламен дали ќе доаѓа да ѓи снима. Бидејќи беше зафатен го замолив чуварот да ми направи неколку снимки од овој риболове излет.
Што користев за мамци : ловев на боили Тути Фрути по мој рецепт и на Meteor од CC MOORE. Вториот ден ловеве на двете трски на снежен човек и се покажа поуспешно од презентација на боилата на самото дно. Ловев на околу 70м. од брег , за тридена потрошив околу 12кг. боили. Останаа доста ама следната недела ќе се потрошат.
Ајде доста сум пишувал еве и малку снимки
Се одморив одлично , имаше и по некоја рибка , во целост 5+
ПС.рибите веќе се покриени со слуз па поради лизгавоста многу е тешко да се направат и убави фотографии