Јас би преферирал за езеро Меч , а за река Болонеза кога би се бирало од овие два начини на ловење .
Секако тука не би му дал 100 % на Болонезот на река или канал , бидејки годинава во Нови Сад јас лично како тренер на МК репрезентација имав подобар успех на тренинзите со меч ,отколку со болонеза .
На каналот во Нови Сад со меч успешно ловев еден ден Караш ,друг ден Деверика со 16 гр. Слајдер ваглер тапа .
Зажал , само Марјан Ристиќ од МК репрезентативци ловеше на на оваа техника ,другите
Самите домакини Србите ловеа на тренинзите со болонези ,меѓутоа со немногу задоволителен резултат.
За езеро секако дека би се одлучил за Меч бидејки разликата е многу голема , имено мечот има голема предност затоа што
конецот и пливката се поврзани на една точка од пливката и целовкупниот ситем е под површината на водата што не е случај со
болонезата каде ако треба да ловиме на 40 мт далечина и 3-4 мт. длабочина и имаме ветровити услови тој ден ,при овие усови
болонезата никогаш не може да биде поуспешна од мечот .
Исто така меч трската ни дава комфорт за агресивно - брзо да извадиме и поголем примерок на риба , додека болонезата на риба поголема од 2 кг знаеме сите колку треба да ја пазиме .)