Во право е Ристето, Тафта појма немаш
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefaul ... &tabid=253
П: 4816 Ме интересира следново, доколку имам нарачка од E-bay во вредност од 200 долари + поштарина од 50 долари дали се наплаќа данок и царинење и колкава би била сумата (предметот не е нарачан од правно лице) Ви Благодарам однапред.
О:
Почитувани,
Секоја пратка која е нарачана преку интернет од страна на физичко лице и која не е наменета за комерцијална употреба, а е во вредност до 22 ЕУР, не подлежи на плаќање на царински давачки и ДДВ. Доколку пратката е со вредност од 22 до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ, а над тој износ се пресметуваат и царина и ДДВ. Износот на стапката на царинските давачки зависи од видот на стоката
П: 4550 Сакам да купам кожна ташна online, до која сума може да се нарача без никакви давачки. Поздрав
О:
Од плаќање на царински давачки се ослободени пратки со вредност до 45 ЕУР, додека од ДДВ до 22 ЕУР, што значи дека доколку пратката е со вредност до 22 ЕУР, ќа биде ослободена од плаќање царина и ДДВ, а ако е со вредност од 22 до 45 ЕУР, ќе платите само ДДВ.