Најдобро нешто е кога си стои човек на ..ЗБОРОТ..
така и дел од нашите колеги од Рибар 2011 си стоеа на договореното и навреме беа на местото каде што се договоривме да се најдеме ,а тоа беше мостот во с.Пчиња.
Иаку температурите беа толку ниски што трнеа рацете од ладно ,ама кога сме дојдени за риболов само тоа и ни преостанува..да ловиме.. и низ шега и зезања да го заборавиме студот во раните утрински часови.
Се најдовме со колегите Даниел, Добре 2000 ,Илчо ,ако ништо друго се надевавме на добро дружење и секако се надевавме дека ке излезе некое рибче за да секој од нас си има едно мало задоволство.
Се спуштивме покрај реката Даниел несебично ни ги кажа местата каде риболовел пред неколку дена ,си запаливме огинче за да се стоплиме малку ,ја извадивме опремата преврзување ,сравање на потребната опрема и тогаш кој во чизми кој во комбилизони од колена во вода.
Еве некоја фотографија од денешниот ден на нашата прекрасна дружба со колегите од ..КУМАНОВО..
Ведро и нормално ладнооооооооо но убаво изгрејсонце .
Јунаците на денешниот ден.
и нешто покрај самата вода прв на кого му се посреки риболовот е на Даниел ,па потоа на Деки рибароттт па така со ред.
Да го видиме и Деан.
Тука е секако нашиот добар АКИ рибар кој се вратил од концерт во 04 часот,ама го оздржа денот.. ЈУНАЧКИ..поздрав Брату.
Беше толку ладно што решивме сите заедно да излеземе и да се стоплиме покрај огинот и нормално малку да замезиме ,Аки не собра сите од вода изгледа беше најгладен.
Погодете чија ..ЧОРАПА.. се сушеше
А замислете за мезе на ладново време и.. ПАЧАТА..или ..ПИВТИИТЕ ..не ни се растопија од ладното.
Појадувавме и пак на риболов
Така некако ни измина и овој риболовен ден со смеа од вицовите што ги кажуваа ДОБРЕ 2000 ,и колегата ИЛЧО ,беше навистина добро дружење со Кумановци па решивме кога ке биде малку подобро време да се најдеме на некоја друга локација за да повторно си поминеме прекрасно.
Рибите кои беа фатени беа повторно вратени во вода ,тоа прв го направи Даниел па потоа со ред сите ,имаше тука и поздрави до некои драги колеги ..ЗАЈАЦИ ..од форумот РИБАР 2011 .
се извинувам за лошиот квалитет на снимки едноставно фотоапаратот откажуваше одвреме на време.
БИСТРО до наредната средба од Кумановци и Скопјани.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
... најважно дружба имало на вода и вака-така сте фатиле некое рипче а и мезалок не изозстанал убав тим сте се искомбинирале само ме чудите со ова ладно шо викате кај мене Охрид абе убајни ден беше, ем топло, ем немаше ветар, само за по риба и останати рекреативни активности
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум