Почитувани колеги,
Како што е редот, годинава ќе ја заокружиме со Собрание на РИБАР 2011 и прослава на вториот роденден на здружението.
Затоа, упатуваме отворена покана до сите членови на РИБАР 2011, како и сите останати пријатели, поддржувачи и “непријатели“, да присуствуваат на Собранието и да дојдат на прославата на роденденот
Собрание на РИБАР 2011
Датум, време и локација: 21.12.2013, 16:30 часот, конференциската сала во С.Ц. Борис Трајковски
Дневен ред:
1. Презентација на сите активности на РИБАР 2011 во 2013 година
2. Отчет пред членството во поглед на финансии, собрани и потрошени срдства
3. Планови за 2014 година (порибувања, акции, кампањи, концесија)
4. Разгледување на досегашната работа на комисиите и евентуални измени на составите
5. Разно
(Право на глас се остварува со членска карта од РИБАР за 2013)
Роденденска прослава
Датум, време и локација: 21.12.2013, 19:00 часот, Кај Жабар
Влезот/менито чини 600 денари. Се наплаќа на влез од страна на персоналот на Жабар.
Менито се состои од:
- салати
- поховани зезалици
- две парчиња месо по човек
- неограничено пиење (пиво, наливно вино, ракија, сокови)
Кој планира да присуствува, пожелно е да се најави по порака, за да имаме претстава за бројката на луѓе за роденденот, капацитетот на кафаната е ограничен.
Бистро