www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 29, 2024 5:54 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 8:52 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Во петокот набрзинка се слушнавме со Борис и решивме да одиме до Вардар, да ловиме бојник. Имавме информации дека претходните денови добро удирал на леб/француско. Се опремивме со кабаници поради прогнозата која не ветуваше и по темниците зацепавме надолу. Стигнавме на време, пред разденување, се наместивме и Борис почна да крми. Морам да го пофалам Борис за крмата, прав стручњак е за месење на топки од стар леб. Мислиш, во Специјал работи :)

Сабајлето малку ни поврна, ама на кратко, па се разведри, и за разлика од Скопје каде што било ладно и дувало многу, ние добар дел од риболовот си преседевме по кратки ракави.

Фрлавме извесно време и чекавме да ни удри некој бојник. По некое време, добив удар. Прво тегнење, нешто ми се виде потешко. Си помислив, или голем бојник или мрена и во истиот момент дополнително го олабавив амортизерот. Рибата како да го чекаше тоа и неколку пати ми извлече доста конец. Сватив дека е нешто покрупно. По 5-6 минути борба, успеав да ја донесам блиску до обала, а набрзо и ја кренав на површина и видов дека е убаво парче мрена. Борис ја собра со кепчето, и видов дека сум фатил личен рекорд од бела риба :)
Мрената, подоцна измерена, беше 57 см, со тежина од 1,8 кг. Ја извадив на 12-ка конец и 14-ка јадица ;)

[ img ]

Претпоставивме дека беше случаен ударот, и продолживме да ловиме, очекувајќи ги бојниците. По кратко време имаше удар кај Борис. По неколку минути, излезе уште една мрена од 735 грама ;)

[ img ]

Во меѓувреме почнаа да скокаат мрени насекаде, пред нас, во средина. Фрлавме насекаде, ги баравме мрените. Борис имаше неколку удари, но сите се откачија, некои веднаш, некои после кратка борба. Смени и јадица, стави поголема и појака, и пак откачи уште една риба. А за чудо, бојникот никаде го немаше. Околу нас имаше 10-15 рибари, некои на обала, некои во река, и ниту еден не извади ништо. По некое време Борис имаше уште еден добар удар. По неколку минути излезе уште една убава мрена, сестра близначка на првата – 740 грама ;)

[ img ]


Борис ја вади втората мрена:



После втората мрена имаше 2-3 откачувања и толку. Затишје во наредните 2 часа. Ниту еден удар. Борис ме водеше 2:1! Се согласивме дека наутре јаде најубаво мрената. А бојникот никаде го немаше. По извесно време почна да дува и да доаѓаат облаци. Знаевме дека набрзо ќе почна досадниот дожд и дека ќе ни заврши риболовот.

Ми текна да пробам да ловам пред нас, на 1 метар во најдлабокото. По неколку минути добив удар. Претпоставив дека е мрена бидејќи добро тегнеше, но по кратко време на површината се појави бојник. Фино парченце од 535 грама :)



Се израдувавме мислејки дека бојникот почна да јаде. Борис пак накрми, овој пат во линијата пред нас, и почнавме да фрламе пред нас. Но, излезе дека тоа е единствениот бојник дента. Почна да врне по малку, рибарите наоколу се прибраа, само ние храбро фрлавме, очекувајќи барем уште некој удар, со оглед на мрените што цел ден скокаа насекаде по реката. Имав уште еден удар, нагло пропадна тапата,ама видов дека е нешто помало, и излезе бела мрена од 50 грама ;) Не ни дочекав Борис да ја сними, веднаш ја вратив да порасне ;)

Негде кај 2 попладне, откако се ни накисна (освен ние во кабаници), решивме да отидеме до кола и да почекаме да преврне. Едвај стигнавме до кола натоварени, со пљусак и силен ветер, ги фрливме стварите внатре и влеговме внатре жива вода. Свативме дека дождот нема туку-така да престане, отидовме до првото кафанче, се пресоблековме, удривме по една чорба и малку скара, ги наполнивме стомаците и си кинисавме дома ;)

Се на се, слабо поминавме, бојникот го немаше никаде, но барем мрените ни направија мерак. До следната прилика, каде што мрените спијат :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Последна промена од 1 на Филип, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 9:03 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ne komentiram :? :? ama ponudata vazi.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 9:07 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
saso НапишиCOLON
Ne komentiram :? :? ama ponudata vazi.
Ваква мрена можеби би удрила на воблер. Мада, ризична е понудата, можда дента нема да јаде и да рипа како што правеше викендов ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 9:18 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON409
ЛокацијаCOLONAERODROM
Убава мрена,голем ќејф,поготово со 12 ка-конец(максимален филинг)
Браво за вас!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 9:24 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
bravo drugarchinja i pozdrav :)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 10:03 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
можи мрените спијат ама рибарите никако :shock:
супер репортажа

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 10:08 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
“ми извлече малку конец“......алоооооо каква е таа скромност, мрената ти отиде до другата страна на Вардар :) добар филинг нема што

овој пат не зафркна времето, ама другпат :twisted: ......тие бојниците должни ни се......само да не биде тоа друг пат ...другата година според времево :?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 10:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
...ej gore tipchevo vika "Ја извадив на 12-ка конец и 14-ка јадица ;) "
ej pa koj ushte faka so 14ka jadici be toa nemozam da go vzam na konec hahahahah se zaebavam malce ali svaka chast 14 e opasno rizicna jadica za na reka da ja vlecesh taa golemina na riba,sigurno se tresele racete koga si ja izvadil :lol:
...i vrakajte gi mrenite be :( za vratena mrena od nad kilo ipol davam 3 pati poveke koj sto saka popadika,klen,crvenoperka i toa od mnogu pocisti mesta od vardar koj saka cekam samo video za dokaz ;) 8-)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 10:30 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
[ img ]

Hayabusa од кај Жаре, претходно со таква 14-ка ловев на Дојран, не откачив ниту една риба ;)
Шо се чудиш Аки, лесна спрема за бојник :) А јадицата беше толку добро закачена, што со клештички морав да ја извадам од устата на мрената.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Каде што спијат мрените...
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 10, 2011 10:39 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
oppaaaa so na zhare papagalkite :lol: :lol: :lol:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum