Значи,
исто како и кога го биравме логото минатиот пат
јас се потрудив направив некои логоа за маици, ама сепак, има тука и други умни глави,
мојот предлог е овој
дополнително кој сака и бела
дајте и други ако имаат предлози, да разгледаме неколку дена и прво да одбреме/гласаме за дизајн
Втора фаза:
Да видиме понуди и кој ќе ги прави маиците. Секако бараме пониска цена, но и добар квалитет. Мој предлог е да не бидат од обичните, туку да бидат со крагња од појаките за да не ги фрламе после 3 месеци.
Трета фаза:
Да одлучиме која боја маици, односно дали ќе правиме по една маица или по две (во две бои). Мој предлог е поголемата количина да бидат една боја, а помала количина и друга боја за оние што ќе се пријават дека сакаат повеќе маици (пример. 100 зелени маици + 30 бели)
Четврта фаза: финансирање - дали ќе одиме секој сам си плаќа, или пак одиме на варијанта оние кои можат да си дозволат да дадат повеќе пари пр. 1000 денари, или повеќе кој како може, со цел да подсобереме некој денар за оние кои понемаат и некако нив да им помогнеме маицата да им испадне поефтина (пола -пола на пример ако маицата е 500 денари, за нив 250)
Пета фаза: Печатење и Дистрибуција