... можда младицата не е автохтона во ОЕ како и многу риби шо живеет во него, но ја имало
А за главатицата, дур не видам не вервам дек ја имат или имало во сливот на ОЕ
Многу си тврдоглав значи. Младица никогаш немало во ОЕ или Црн Дрим, а главатица имало, се ловела на времето, има слики. Ја имало и во Радика и во Црн Дрим. Најверојатно се останати малку примероци или ич, се друго е изловено
И тоа на сликата што си ја ставил може да биде и езерска пастрмка
А втората слика на СантаФе е светскиот рекорд за уловена младица на трска, фатена во Словенија
Еве ти една уловена:
http://www.ribar.com.mk/index.php?optio ... Itemid=348
Еве ти текст:
Главатица (Salmo marmatorus Cuvier 1817), риба којашто - за жал - поради неоодгворниот однос кон природата речиси и ја нема во нашите водотеци. Тоа е ендемски вид пастрмка што ги населува исклучиво реките на јадранскиот слив. Оваа благородна риба ја нарекуваат и јадрански лосос. Може да нарасне и повеќе од 30 килограми во тежина и повеќе од 140 сантиметри во должина. До изградбата на дебарската брана оваа риба слободно пливала во Дрим околу Дебар и во долниот ток на Радика (каде што и сега, иако многу ретко, може да се сретне по некој примерок). Доказ за ова се неколкуте препарирани примероци во Природонаучниот музеј.