Илчо, тоа е речиси неизводливо друже, а од правен аспект ако го користиш за свои потреби и е изградено на твој имот не би требало да имаш проблеми. Меѓутоа неможеш да наплаќаш дозволи, неможеш да продаваш риби и така натаму, а инаку ако ти е „во двор“ кој ти брани брате, прави што ти е воља...
Најголем проблем е како да го наполниш и одржуваш полно, притоа да има услови за живот (кислород, растенија и тн...), неможеш да дупниш бунар на 10 метра од езерцето и да очекуваш дека тоа ќе ја држи водата, веројатно нема да ја држи затоа што ако имало природни предуслови за да се создаде езеро (вир, дупка како сакаш наречи го) немало да биди нива туку ќе било езеро. Со пренасочување на река би требало да може ако реката е доволно издашна, меѓутоа тука пак би имал проблеми затоа што неможе кој ќе му текне да ја насочува водата каде сака, така да тука би морал да вадиш дозволи и слично... Реално е скоро неостварлива идеа (зборувам за поголемко езерце), а за езеро 10x10 во некој поголем двор, нешто како мало езерце како оние што ги прават за кои крапчиња кои се или бетонирани или пак со оној материјал кој е како дебела церада - тоа може, ама пак тука не би станувало збор за езерце за риболов туку за базенче за гледање, нели ?
Поздрав