Не верувам. Сепак нешто малку и полека се случува. Се повеќе се актуелизираат обврските на концесионерите и се одземаат концесии, се повеќе гледаме некои видеа за порибувања. Иако тое не е тоа што е потребно од некаде се тргнува. Никој и не побарал концесија на 20 години но со развоен детален план, со права но и со обврски. Еден олимписки базен изграден со средства од самопридонес, па го лапнаа на 30 години. Ене го работи фулл. Јас мислам дека одиме полека кон некое домаќиско работење од кое бенифит треба да видат и концесионерите и корисниците како нас. Скоро сите комерцијални води на балканот, работат профитабилно (освен Аквариум
). Кој има љубов кон оваа работа, средства и има идеи и не е мрзлив има перспективност. Крај секое вакво езерце или езеро никнува некоја кафана, продавница за опрема и афтентични мамци и прихрани, па и сместувачки капацитети на мотелска основа.
Сега во моментов сте во право. Повеќето црпаат и цицааат се што е за продажба, а при тоа нешто многу не ги интересира обновувањето на рибниот фонд, инвенстиции во инфраструктура и сл. Но ќе дојде ден ќе му чукнат на оној од Дојран или Тиквешко, ќе видат колку се вади, а колку се става па ќе се превземат мерки не само за одземање на концесија туку и нарушување на биобалансот со рибниот фонд со ригорозни казни. Да се надеваме дека сето ова ќе почне да се случува пред да се опустошат водите. Додуше на Дојранско се црпи од искон и памтивек, па пак има. Големите води имаат една карактеристика на природна самозаштита. Охриско и Преспанско никој не може да ги испразни до даска,па ни од риби. Но тоа не целта.