Не можеме да се изолираме од светот. Ако сакаме да бидеме дел од овој спорт, повремено, упатно е да се организира и некој официјален меѓународен натпревар (на страна од оние меѓународни, приватни купови).
За жал, најперпективна и најсигурна вода во моментов, во Македонија, за натпреварување е Црничани. За жал заради две работи, состојбата со брегот и состојбата на водата.
Брегот е оставен како од лигата. Нешто е загорена работава со концесии и сл. Може да биде многу подобро.
За таа површина на вода, со уште еден тон убав крап, рибниот фонд мислам дека би бил доволен. Но, да се лови само на 30-50 метри и веројатноста за откачување и повредување на рибите да биде на високо ниво, не е најупатно така да се претставиме.
Може да се среди. Ако е прифатена организацијата, мора да се размислува што поуспешно да се организира. Ете и мотив повеќе, конечно Црничани да се среди.
Инаку, други води има, поголеми и подобри, но најголем проблем е рибниот фонд и неговото зачувување.
Вака како што е, не е најсјајно на ваков натпревар да победиш со 20-30 кгр.
Еве само едно потсетување (специјално за Предраг
) од последниот Јадранско-подунавски куп
vkupen plasman
nasice 619 kg/hrvatska
carp racing 541 kg/srbija
reviri 462 kg/srbija
zvezdara 427 kg/srbija
bled 1 391 kg/slovenija
best carp 388 kg/makedonija
nasice 2 230 kg/hrvatska
bled 2 225 kg/slovenija
golden carp badar 146 kg/makedonija
kisenjak 102 kg/bosna
gradacac 29 kg/bosna
Najgolema riba 14,80 best carp team ribar 2011
Vkupno uloveno 3.500 600+ ribi
Ваква вода немаме и не можеме да понудиме. И не мора. Битно да сите учесници си заминат задоволни. Орото мора да се изигра. Убавото е што ќе имаме уште еден возбудлив, интересен настан во крапскиот риболов во Македонија.
Уште еднаш
за МРФ.