Столе, навистина една од целите на МРФ е заштитата на рибите во риболовните води, но ...
Како прво ќе кажам дека МРФ нема право ниту да порибува, ниту да врши физичка заштита. Оваа обврска е исклучиво на концесионерите и Државните институции и на никој друг. Но тоа никако не значи дека треба да се избришат тие работи од Статутот на МРФ, или да се игнорираат.
Ќе ме прашате, ако не смее тогаш зошто воопшто МРФ порибува?
Па зошто порибува Рибар 2011? Затоа што и Рибар 2011, и МРФ, и концесионерите, и сите поштени риболовци имаме една заедничка цел, односно богати води со риба. Во случајов ниту МРФ, ниту Рибар 2011 имаат обврска и дожност, но сепак порибуваат. Јас би рекол само браво за сработеното. Луѓето нашле модус да го реализираат зацртаното во своите цели и задачи, односно во соработка со концесионерите им помагаат во нивната обврска, или во соработка со Државните институции ги порибуваат водите без концесионери (пример Преспанско Езеро).
Исти е случајот и со заштитата. МРФ нема законски основ ниту да вработи рибочувар, ниту да ангажира, а најмалку да врши физичка заштита на некоја вода. Тоа што МРФ го зацртала во својот Статут се реализира повторно во соработка со концесионерите и Државните институции. МРФ во извесна мера е „грбот“ на совесните концесионери и во рамки на нејзините можности пружа помош во заштитата на риболовните води. Овде повторно како пример ќе го спомнам Рибар 2011, кој иако не смее да вработи рибочувари и да врши заштита на водите, сепак изнајдоја модус и реализираа многу акции за заштита на рибите во нашите води, секако во соработка со концесионерите и Државните институции.
И на овој начин се остваруваат целите зацртани во Статутот, без разлика што МРФ немаат вработени рибочувари. Но овде работата е малку потешка отколку со порибувањето. Кога било кој на некој концесионер ќе му поклони порибителен матерјал, овој без размислување ќе прифати затоа што тоа за него значи исполнување на неговата обврска без трошка залагање. А кога некој ќе сака да помогне на концесионерите во заштита на рибниот фонд наидуваме на проблем затоа што тој концесионер треба да има спремна и професионална рибочуварска служба која засилена со помошта ќе одговори на предизвикот. Тоа што дел од концесионерите немаат спремни и професионални рибочуварски служби е проблемот што работите не се така како што треба да бидат, а во таква ситуација како би помогнала МРФ?
Еве јас сум претставник на концесионер. Јас не можам да очекувам МРФ, ДИЗ или МВР да бидат мои рибочувари, а јас само да си наплаќам дозволи. Јас за да добијам концесија сум потпишал дека ќе имам професионална рибочуварска служба и тоа треба да го реализирам или доколку не го реализирам треба да сносам одговорност. Во случајов МРФ, ДИЗ и МВР треба да бидат само моја поддршка, мој „грб“, а не мои рибочувари. Доколку било која од овие институции биде повикана, тоа треба да биде помош на рибочуварот, а не главна и единствена контрола на риболовниот ревир.
Зошто го пишувам ова? Затоа што не секогаш работите се онакви кави што изгледаат. Не секогаш оној што има рибочувари врши заштита, многу од рибочварите знаат да бидат само на хартија. Не секогаш оној кој има обврска да порибува, го прави тоа. Но има и некои кои со врзани раце знаат да придонесат многу повеќе од оној кој има одврзани раце.
МРФ е и треба да биде институција која ќе ги помага здруженијата и концесионерите во се она што е заедничка цел, а не обратно, односно не смее да дозволи здруженијата и концесионерите да се кријат во нејзина сенка и да чекаат таа да ги остварува нивните обврски.
А друго е прашањето дали таа помош е доволна или се може и повеќе. Секогаш се може повеќе. И јас можам повеќе.