Читам на тема што ќе се прави за викенд 8-9.октомври и некој напиша "викендов ќе врне,сите ќе седиме дома"па ме инспирира да поразговараме за ДОБРИТЕ временски услови како и за условите на терен.Порано почесто одев на Дебарско,набрзина ќе влеземе во чамец,ќе се утепаме од фрлање,ќе фатиме едвај некое рипче и кога ќе се вратиме на обала обавезно се наоѓа некој стар кинески мудрец кој ќе ни рече:
СО КОЈ ПАМЕТ И ВИЕ ПО РИБОЛОВ,ГЛЕДАТЕ ДЕКА Е ПОЛНО ЕЗЕРОТО :ugeek:
Ние така утепани се враќаме дома и се окривуваме како тоа не сме прашале дали е полно езерото пред да тргнеме.
Следна прилика одиме и
езерото повлечено....таман.
Вледее еуфорија,влегуваме во чамец и на крајот на денот пак едвај некое рипче.Пак ќе се најде некој профа.кој ќе ни рече:
СО КОЈ ПАМЕТ И ВИЕ ПО РИБОЛОВ,ГЛЕДАТЕ ДЕКА Е ПРАЗНО ЕЗЕРОТО :ugeek:
Слични вакви коментари сум слушнал и дека ВРЕМЕТО Е ТОПЛО РИБАТА Е ПОВЛЕЧЕНА ВО ПОЛАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ,ВРЕМЕТО Е ЛАДНО ЗАТОА РИБАТА НЕ Е АКТИВНА,РИБАТА НЕ Е ВЛЕЗЕНА ВО ЕЗЕРОТО,НАДОЈДЕНА Е РЕКАТА- РИБАТА БЕГА ВО МИРНО,МАЛА Е РЕКАТА-РИБАТА БЕГА ВО ВИРОВИ, ПУШТЕНА Е ТРЕСКА,СЕ УТЕПА ОД ВРНЕЊЕ,КАПКА НЕМА ПАДНАТО ДВА МЕСЕЦА,ПОЛНА МЕСЕЧИНА,ДУВА ЈУГ...
Незнам колку од овие "изговори" се универзални и имаат вистинско значење а колку се производ на нашата фантазија
И за да не биде оваа тема рекла-казала тогаш ајде вистински(академски) да се потрудиме да одговориме кој услови влиаат на активноста на рибата и од кој причини.Еве за да го разбие мразот можда Тапа може да каже збор-два за влиание на водостојот на Дебарско,Лепи за влјание на ветерот на Охридско,Перун за пуштање на Треска,и сите останати...
Само без неосновани мудрости ве молам.Не ми треба уште еден стар кинески мудрец