www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Сеп 24, 2024 5:32 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 01, 2013 11:44 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
кој чека ке дочека - а и ова не е лошо како за предигра :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 01, 2013 11:47 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Ај сеа чекај репортажа :hit_head:
прави ја побрзоооооо 8-)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 02, 2013 1:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Uh, dobro
Videovo kako cela reportaza.
:ok_ok:
Dare izgleda nemal vreme za mezenja i rakiicki.
Vrti li vrti so masinceto.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 02, 2013 3:34 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Što je PREDIGRA duža
  • - MACA je sve VLAŽNIJA
:crazy:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONСаб Ное 02, 2013 3:43 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Ubavi krapo.... Ovaa stuki de Crven stuki :D :D :D :D , odlicno video, odlicna druzba, Saso li e toa pokraj vas sto go snimate na nego mi lici :D :D :D :D

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 04, 2013 10:32 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Јан 11, 2012 3:31 pm
МислењаCOLON90
ЛокацијаCOLONSkopje
Ime edno Gooolemo bravo,sekoja cest.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 04, 2013 10:45 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
od 1.59 do 2.07 slikite se menjaat vo ritam na gitarata, fenomenalno :thumbs_up: bravo alal da ti e za videovo :~~


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 04, 2013 12:04 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Crven НапишиCOLON
Промо видео за репортажата која следи деновиве
абе верувале или не - видеото сега прв пат го гледам, инаку на кафе муабет во 6 очи ми пренесоа дечките дел од импресиите - а и од ратните повреди по рацете од КРОКОДИЛИТЕ

леле ама ROCK & ROLLLLLLLL :crazy:

АЈДЕ
до кај е репортажата и концертот од PARTY BREAKERS

мали знак пажње до другарите рибари
:eatdrink: :fishing: :volku_golema:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 04, 2013 8:22 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Бујрум репортажа


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Забести убавици
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 04, 2013 8:25 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Crven НапишиCOLON
Промо видео за репортажата која следи деновиве


Све почна со првото идење оваа година во Грција, пред едно 2-3 недели. Јас, Мишо-Кременадла и Даре. Информациите беа дека рибата работи насекаде, на Струма, на Агитис, подбитолските езера, буквално секаде....изборот беше тежок, ама ние се одлучивме за езерата.

Времето прекрасно, есенска убавина, како створено за убав риболов.

Први зафрлања и прв удар кај Даре на новата трска Аватар која ја купи од Сашо. Уште кога видовме дека е штука расположението дополнително се крена, почнавме да му збориме на Даре и да јадеме лај.. “ајде сефте со Аватарот, да ти се множат, он вика “вади апаратот да ја сликаме“....и толку требаше, ја урочи и му падна пред да ја фатиме во кепче.

Како и да е, тоа беше прв удар дента, штуката не беше голема, ама сепак беше штука....ах си рековме “сега ги утепавме“, ама не било баш така :? Во текот на денот се скапавме од фрлање, мењање позиции и мамци, штука не закачивме.
Она што од време на време удираше беа кострежи, кои и не беа нешто мали, правеа ќејф
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Кострежите правеа делумно задоволство, но не доволно. Почнаа некои бранови на езерото, почна да се јавува некоја алга, видовме не видовме се спакувавме и тргнавме на друго езеро. Таму стигаме, митинг, човек до човек. Рибата работеше и сите имаа полни чуварки, црвеноперки, караш, штука....моабет со еден, моабет со друг, се тргнаа неколку екипи и ние на нивно место колку да пофрламе малку додека не отишол денот.

Првиот удар кај мене и извадена првата штука...го разбивме малерот си викаме, ама немавме многу време до стемнување,...втор удар кај Даре откачување со видна нервоза и разочараност на неговото лице...
Еве ја таа тажна фаца
[ img ]
трет удар кај мене, поголема штука, борба и откачување пред да се кепа...мајку,, шајку и наредивме и покиснати си се собравме, толку беше од денот, почна да се стемнува, време беше за враќање кон дома.
[ img ]
Се вративме разочарани и уморни дома, ама веќе наредните денови почнаа повторно да звонат телефоните и да се пушта рчката за повторно да се иде. И не требаше многу, вака, така, овој иде, овој неиде, на крај останавме само Јас и Даре кои решивме овој пат ќе одиме на два дена. Повторно имаше дилеми каде да се оди и начелно се договоривме да поминеме повеќе езера и да видиме каде работи рибата.

Повторно убаво време и прекрасни услови за риболов.
[ img ]
Повремено удираше по некој костреж и цел ден само еден удар од штука, ма менувај места, мамец, тактики, стратегии, штуката ја немаше, само костреж и некои знаци на кострежот дека и за грабливец има поголем грабливец :shock:
[ img ]
Не пројде долго време кога почнавме да се разочаруваме дека промашивме уште еден ден,...згора на се се појави едно бате кој си влезе со чамец и почна да поставува мрежа и поставуваше и поставуваше и поставуваше, можеби 2 сата, околу 2 километри мрежа. Лелеее кога го видовме ни се стемни, се по список му наредивме.
Еве како Даре го искоментира настанот :D

Констатиравме дека денот заврши за нас и време е да се собираме. Тргаме да си одиме, се приближуваме накај мрежарот, он од далеку се дере “Кај сте бе македонциииииии !!!“.....лелеее и овој ли е наш бре,....си се насмеавме и констатиравме дека нема спас од македонските мрежари. Си напрајвме моабет со батето, ни кажа дека не фрла често, на недела еднаш фрлал и ја давал рибата низ село, што убаво....

Да бидат работите за нас до крај разочарувачки, при искачање од чамец на неколку метри од обала, нешто напраи “чклуп“ во водата. Се гледаме со Даре, почнувам јас да се пипкам по џепови, тука се мобилните, тука е ножот, тука е клештата, ...го нема клучот од кола.....лелелееее сега го наебавме. Сонцето веќе зајдено, се спрема ноќ да паѓа. Ние по кратки ракави, без клуч од кола, без облека, без ништо....Скокање во вода и потрагата започна. Пипкај по дно со раце, со нозе, кини треви, фршти од нервоза, овде падна, онде падна, оди потаму, оди поваму....времето си врви, температурите паѓаат, клучот го нема, водата веќе замутена, јас смрзнат....искочив од вода викам дај да оставиме да падне малку мутежот може ќе го најдеме покасно. Но,..време немаше многу, денот го снемуваше, а ноќта доаѓаше, повторно му влегов, повторно потрага и таман кога Даре ковал план да го кршиме стаклото за да влеземе во колата за да не измрзнеме и после да пуштиме абер од Скопје некој да ни донесе резерва клуч ....ОП го напипав....“Мајку ти е..., го испцув уздуш и попреку и брзо во кола да извадиме алишта. Ни дојде душата на место малку, се облековме, се стемни,констатиравме дека не е паметно сега да се преместуваме и решивме тука да преноќиме, па од сабајле да се преместуваме на друго место. Имавме информација дека наредниот ден ќе доаѓаат Сашо, Срѓан и Синиша, им се јавивме, им кажавме за лошите резултати, им кажавме дека е поставена мрежа на голем дел од езерото и дека ситуацијата не изгледа на ветувачка. Од Скопје стигна абер, “чекајте не таму па сабајле ќе решиме што правиме“, така и бидна.

Се прибравме ја и Даре во шатор и време беше малку да здивнеме
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Добро се накркавме и за кратко потонавме во сон.

Утрината не ти се станува од вреќа, надвор камен, .....ама кога ќе го отвориш шаторот и кога ќе ја видиш онаа утринска глетка на езеро што испарува, сонце кое полека се пробива, езерото тепсија, езерски трски кои тивко се нишкаат во водата и птици кои нешто си црцорат....неможеш да одолееш.

Се прави утринското кафенце и веднаш почнува рибарскиот моабет, стратегии и предвидувања што ќе донесе новиот ден.
[ img ]
Во меѓувреме стигнаа Срѓан, Сашо и Синиша, цуцнаа по некое кафенце и ракиичка, разменивме троа моабет, гледам Срѓан и покрај сите лоши информации и мрежата е решен да се испроба. Јас краен скептик решен да фаќаме на друго место, му викам “абе ако фатиш повеќе од 2 штуки јас ќе ти го бацам“....видов не видов решени се да пробаме да ловиме, ај си викам Срле е стар волк, поминал он години по Грцијава, а и риба како риба, неможеш да ја предвидиш, два дена ја нема, третиот може ќе покаже нешто, ај си викам барем поинтересно е со петорица, ќе паѓаат заебанции. Влеговме во езеро, ја одбегнавме километарската мрежа и риболовот започна.
Пробај овде, пробај онде, паднаа и првите удари и во наш чамец и во нивниот, ама на костреж, “тоа е тоа си викам, уште еден промашен ден“, нит ми се ловеше, нит ништо....кога едно време гледам Сашо тегне нешто поасално и се дере штука, штука.......добро си викам, оваа некоја ќорава, како и претходните денови. Кога непројде многу време, бап уште една кај Сашо,....хммм, почнаа да ме дриблаат дали сум носел кармин за кога ќе бацувам.... :)

Кога едно време бап и кај мене удар на нешто сериозно. Вадам јадра штука и сеуште сум скептик, ама веќе со голема надеж дека сум згрешил

.....и навистина сум згрешил....повторно удар кај мене и повторно штука уште поголема.

Се вадат тука камери, почнува да се снима, летаат кадри, расположение на ниво, заебанции на сите страни, сите нешто менуваат мамци, коваат стратегии. Повторно штука во соседниот чамец, море не била една, двајца вадат во исто време :) . Сашо нормално да фати што поубави фотки за Форумот да ни биде поубав, без најмалку грижа колку штуки му се откачиле


Повторно удар кај мене, повторно убав примерок
[ img ]
Даре само кепа, се слика и фршти од нервоза неможе да се упише. Кине, закачува, мамци мења, мења тактика, водење, ма нејќе кај него, тук таму ќе му удри некој костреж, колку да се нервира уште повеќе. Едно време го остави Аватарот и почна да фрла со Бајронот, вика “оваа трска поубаво ја осеќам може до тоа е“ и навистина почна да удира и кај него.
[ img ]
Понатаму што повеќе да раскажувам, Сашо делумно доловил во претходната репортажа. Прекрасен спин-риболов кој ни ги наполни батериите до максимум.

Со добра работа искачаа прекрасни штуки, повремено удари, откачувања, дрилови, скокови при влечење, едноставно да ти се направи меракот до крај.
[ img ]

Имаше време и за снимање во обид дека ќе фатиме удар на камера, потрошивме доста меморија, ама имаше и зошто. Еве една снимка во која примам совети од Даре учителот и врз основа на неговите совети доаѓа до удар

А еве го и самиот Даре во улога на Презентер

[ img ]
[ img ]

Добар дел од штуките си го најдоа и патот за назад.



Имаше и такви кои сами си се ослободија. Еден од примерите беше кога една штука како торпедо, со скок во височина излета од мрежичката и за малку ќе го опнеше Даре во глава.

На самиот крај од риболовниот ден дојде и најголемата убавица тој ден во нашиот табор, незнам за соседниот чамец, ама во нашиот таа беше најголема и последно извадена, како на филм, на крај доаѓа главниот.

Не беше лесна, ниту пак се даде лесно, имаше асална борба и скина при самото кепање, ама сепак влезе во кеп. Не ми се веруваше дека скина. Збунет од борбата, го гледам ова и не ми е јасно што се деси.
[ img ]
Сајлата е здрава иако извиткана, плетеницата е здрава, ама под сајлата некоја чудна жичка штрчи. Ја гледам и во прв момент не ми беше јасно што е, бидејќи жичката беше скоро права, ама за кратко сконтав дека тоа е копчата и тоа не беше од оние обичните и никакви закачалки, туку асална копча. И ете што остана од копчата драги пријатели. Крива за тоа беше оваа лепотица.
Женската ми се даде на мене, а овој Даре одма почна да ја пофаќа и пипка држејќи се за срамен дел од телото :D :howitz: .
[ img ]
[ img ]

Тогаш следеше и реакцијата, угризување на Даре за рака :crazy: , му паѓа во чамец и почнува да го гризе за патика....
[ img ]
Гледаме и не ни се верува што се случува :o .... Даре вика “брзо дај апарат да го доловиме моментот“,
[ img ]

Женската го имаше фатено за јазикот од патиката и не го пушта. Е тоа се вика верна женска :) . “Полека маче и викам, ја погалив малку :) , почнав да ја смирувам и женската го пушти, со ветување дека нема понатаму да ја закачка. И така си дојде убавицата кај мене.
[ img ]
Совршен крај на еден прекрасен риболовен ден.
А каква беше атмосферата за назад проценете сами

уффф уффф уфффф

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 65 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum