www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Сеп 24, 2024 5:21 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:21 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Петокот околу пладне ми се јави Спиро и ми вика дека во сабота е слободен и ќе оди на Црна Река по мрена, а ако сакам да одам и јас тогаш би било добро да направиме една дружба. Јас не бев организиран за некој подалечен риболов, но не ми требаше многу убедување :D . Веднаш му се јавив на мојот пријател од Охрид Игор (на форумов alas), а тој со доза на недоверба кон мене сепак прифати. Па како да ми верува кога пред нецел месец го носев исто така на Црна Река по штука и ништо не уловивме, плус не фати страшно невреме и наместо да се засолниме додека истураше дожд јас го терав да одиме нагоре по реката демек рибата сега по дождот ќе била активна како никогаш до сега :mrgreen: . Резултатот од тој риболов беше само добра и незаборавна авантура во прекрасен живописен предел, а од рибата ниту трага ниту глас. Тој ден не ни помогна ни искуството на Жаре од ЗСР Барбус, инаку концесионери на тој дел од Црна Река, кој се обиде да ни помогне да уловиме некоја мрена бидеќи од ловење штуки ни се смачи :mrgreen: .
Договор падна за Битола да одиме јас и Игор, а Спиро да го земеме од Битола и тој да ни биди ментор за лов на бела мрена. Веднаш, уште петокот вечер, од Спиро добивме инструкции што треба да поседуваме од опрема и мамци. Ни беше кажано дека 5 или 6 мт. болоњези ќе завршат работа, конец 0,14 или 0,16 е ОК, тапи 3-4 гр. и јадици 0/6 - 0/8 (макар што ова со јадициве е релативна работа и голема е разликата од еден до друг производител), а од мамци ни кажа дека тој ќе обезбеди 10 стари леба за прихрана, тазе леб ќе земеме во Битола на тргнување и ќе ни требаат црвени црви. Кога ги спомнавме црвените црви, Спиро ми кажа дека имал нешто но биле многу мали. Јас како на шала му викам да соберам од оние дождовните, големи по „половина метар“, а тој ми вика дека тоа е идеален мамец и дека ќе е одлично ако можам да обезбедам такви црви :shock: . Такви црви во двор имам колку што сакам, ама мислев дека служат само за лов на јагула и сом, евентуално :oops: . Кога му го кажав на Игор муабетот тој ми рече да си ловам јас со нив, а за него да му купам „нормални“ црвени црви (калифорниски) од продавницата во Струга. Да бидам искрен и јас бев скептик на почетокот со дождовните црви, но си викам најверојатно ќе се лови на парче црв, а не на цел ;) .
Утрината во 5 часот јас и Игор тргнавме за Битола. Спремни со се што ни кажа Спиро, освен тоа што заборавив да земам ракија :oops: :head_bang: . Со Спиро се најдовме во 6 часот и правец на вода.
Кога пристигнавме на посакуваната дестинација, што да ви кажам? Убавини и од природата и од времето. Да ти се наполни душата само со тоа што си таму, не мора човек ни трска да отвора. Една риба да не се фати, повторно се враќаш со полни батерии, но ако уште успееш и риба да фатиш, тогаш ти се продолжува животот.
Земавме од кола опремата и правец на брзакот што ни го посочи Спиро како коњак место. После дооолго пешачење стигнавме на местото
[ img ]

[ img ]

Отвораме трските, а за мамец Спиро ни предлага дождовни црви, тие што ги собрав јас во двор, и тоа цел еден таков од „половина метро“ на јадица :? . Јас не се бунев многу, така вели менторот, така ќе правам, но Игор мислам дека скришно ставаше парчиња или пак од помалите црви што ги купив од продавница :lollol: .
Не поминаа повеќе од 15 минути, а Игор веќе успеа да се запознае со белата мрена. Не голема, ама прва бела мрена во неговиот живот, а тоа носи радости и кај него и кај мене, но и кај Спиро затоа што со тоа се осигура дека сме на правото место. Откако ја видов мрената, имаше околу 300 гр., си викам ако воопшто продолжи да дава риба на ова место тоа ќе се толкави примероци, а и не може да има поголеми на 70см. длабина на колку што ловевме.
Поминуваат уште 10-15 минути и ... удар кај мене ... контра ... и борба каква што до сега не сум осетил. Да бидам искрен не знаев каде е рибата, јас гледам низводно и барам да се појави на површина, а таа заминала нагоре и ме тегне нагоре, јас таман мислам се уморила и ќе ја извадам, а таа заминала од другата страна на реката ... абе умот ми го извади, буквално не знаев каде ми е рибата, гледаш на една страна, а таа шлапнала на друга страна :crazy: . На крај резултатот беше извадена мојата прва бела мрена и тоа од околу 1 кг. :yahoo: .
[ img ]

[ img ]

Доаѓа Игор да ја види мрената и одма правиме нова стратегија. За се што претходно бевме скептици и криевме од Спиро :oops: , помали јадици и помали црви, веднаш се премисливме :mrgreen: . Јадиците од OWNER со големина 0/7, за кои претходно мислевме дека се преголеми, веднаш ги заменивме со јадици од Gamakatsu со бр. 0/6 (да не претерам, ама овие вториве се дупло поголеми), а исто така во кутијата почнавме да бараме што поголеми црви :mrgreen: .
Не поминаа ни 5 минути и повторно удар кај мене :yahoo:


Ја извадив мрената, а на мојата среќа и немаше крај. Не можам да опишам колку многу бев возбуден. Две риби за 15-20 минути и тоа најдивите риби што сум ги фатил во животот :yahoo: .
Мислам дека сеуште не ја ставив мојата мрена во чуварка, а Игор веќе вика дека и тој закачил мрена


И Игор извади мрена од 1+ кг. :yahoo: . Просто не ми се веруваше дека на толку мала длабочина, а во исто време и пред нашите нозе може да има толкави риби :?
Бидеќи се риболовеше во плитка вода, после извадени 2-3 риби настапи затишје. Нема удар, нема знак од риба.
Спиро реши да не носи и на друг брзак. Иако бевме уморни од пешачење додека да стигнеме до првиот брзак, не се буневме на идејата да испешачиме уште „малку“. После извадените риби ако Спиро речеше да се вратиме пешки до Струга/Охрид немаше да се буниме воопшто, само ќе речевме добро и ќе тргневме :D .
Стигнавме на другото место. Игор реши да проба на леб. Прво фрлање и удар. Повторно одлична мрена од 1+ кг :volku_golema: .
Откако Спиро виде дека Игор доби удар на леб, веднаш реши да мењаме тактика. Преминавме на обилно прихранување со леб, а нормално и за мамец користевме леб. Резултатот беше очигледен.
Прво јас извадив уште една мрена, која ми залепи еден добар шамар


А малку подоцна една гладна мрена успеа во исто време да ги лапне и мојата и јадицата од Игор


Тој ден риболовот течеше како да сите коцки се наместени за нас. Спиро како добар, не добар туку одличен домаќин несебично ни ги покажа сите цаки и мали финти за риболов на мрената, не однесе на коњак местата и резултатот беше очигледен. Од друга страна Спиро беше и нашиот камерман за да можеме да го документираме нашето запознавање со белата мрена. Да не сликаше и снимаше Спиро, нас од возбуда немаше воопшто да ни текни да направиме некое кадро.
Дојде пладне. Решивме да се враќаме накај мостот, каде што ни беше паркирана колата, не за друго туку таму ни беше храната - домашни Битолски колбаси :ok_ok: . На враќање Игор го оставивме на првото место каде што ловевме. Рече дека првата љубов не се заборавала и сакал уште малку да полови таму, па се договоривме да се најдеме кај мостот за да јадиме и да го сумираме резултатот од риболовот.
Игор остана, а јас и Спиро после долгото пешачење се фативме за работа
[ img ]

Само што ги испековме колбасите, дојде Игор па можевме да седниме и со добриот ручек да си поприкажеме за впечатоците од одличниот риболов.
После ручекот јас пробав да уловам и некоја штука на спин, но безуспешно.
Веќе почна да се темни. Дојде време да ги сумираме резултатите од риболовот.


Еве и едно фото од задоволниот Игор со неговиот улов, кој сепак беше помалку од мојот улов :filip:
[ img ]

Што е за право малку ги измалтретиравме рибите, но сепак преживеаја. Еве го видеото од враќањето на рибите, за да имаат и нашите деца што да ловат.


Од целодневниот риболов сите риби беа вратени назад, освен кленот капиталец кој не преживеа до враќањето и беше поклонет на еден од риболовците кои беа таму, а и овие три мрени кои јас решив да ги земам за една софра
[ img ]

Веќе се стемни и моравме да тргнуваме за назад, но во главата ни се вртеа разни математики за тоа кога ќе можиме повторно да дојдиме на оваа прекрасна река, но се разбира и со истиот состав затоа што покрај одличниот риболов имавме и прекрасна и незаборавна дружба. Еве и еден поздрав од екипата
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Голема благодарност до Спиро за инструкциите кои несебично ни ги даваше во текот на целиот риболов, а и за се што направи за да поминеме еден прекрасен риболовен ден на Црна Река.
Поздрав и БИСТРО до следниот риболов.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:45 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Браво Емиле.
А и за мајстор Спире - МЕНТОР едно големо БРАВО.

Но да видиш тек како мкне Вардарска МРЕНА. На Вардарски БРЗАК.

Здравје следна година јас ке ви бидам Ментор и Домаќин на Вардар


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:50 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Договорено Боби.
До година обавезно ќе го посетиме Вардар, а ти покрај за мрената ќе ни бидеш ментор и за сом.
Може?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:54 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Јас не гледам проблем.
Дење мрена на брзак, а ноќе софра и на дубински чекаме сом

Договор падна :shake_hand:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:56 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 23, 2011 8:29 pm
МислењаCOLON178
ЛокацијаCOLONBitola
Многу ми е мило шо конечно сте напрајле ќеф со мрената :ok_ok:
а и не се сомневав кога го имате мајстор Спиро со вас :NotWorthy:
А за то шо не ме зедовте со вас да напрам и јас малку ќеф :cutthroat: :D
Поздрав


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 9:57 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
:bravo: :bravo: :bravo: Одлична репортажа Емил , конечно ја виде убавината на Црна , сега сигурен сум дека ќе ни бидеш редовен гостин, само наредниот пат не заборавај дека во Бт имаш и други пријатели и сигурно ќе имаш време за по едно ракиче со убо битолско таратурче ;)
поздрав

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 10:01 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Emil gledam jas nabrgo ti pak ke ja posetis crna :~~ :~~ :~~ :~~

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 10:07 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Крсте, ако не послужи времето ... може да биде уште еден риболов годинава на Црна :filip:
И сакам да им се извинам на сите пријатели од Битола што не успеав со сите да направам дружба, но сигурно ќе има и друг пат ;)

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 10:08 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Ubavi parcinja. :lepi:

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Во потрага по бела мрена
ТемаИспратеноCOLONПон Oкт 28, 2013 10:17 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Мајстори, во вистнска рибарска смисла. :ok_ok:
Што мерак имам за една ваква на трска, само ми треба опрема да набавам прво. :lol:

Емил страшмно среќен по видеата...има ли цена таква насмевка. :D

Спирка, се повеќе и повеќе ме изненадуваш....по незнам кој пат рака ти пружам. :shake_hand:
Од мајсторлук, до пуштањето на рибата!!

Одличен пример за сите. :lepi:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum