Не знам зошто но реката Вардар ми е омилено место за риболов.Повекето од моите риболовни излети се на оваа река,
како што знае Вардар да изненади и да направи мерак мислам дека на друго место неможе
Во петокот навечер се слушнав со мојата екипа за риболов,се склучи договор пак на Вардар да се оди на нашето
добро познато место.Така и бидна во 3 часот веке со кафето во рака трските наострени и летаме таму доле некаде.
Поглед на прекрасното сонце што ветува убав ден
И денот започна,убав сончев за мераци.
Рибата беше активна негде до кај 10часот,после тоа даваше но со молење.
Еве го Баже со дел од неговиот улов.
Еве ме и мене со мојот улов
Се на се уловот беше солиден,си направивме еден убав излет река,сонце,чист воздух,риба тоа е тоа рецепт за уживање.
По традиција на враќање мора да се застане во Градско и да залееме со по едно ладно скопско.
Легендарната екипа
Тоа би било се од овој излет на вода.Местото намерно не го откривам бидејки мразам
лешинари,мршојадци,мрежари,трокукаши итн.итн.