За 11-ти Октомври одлучив да поминам време со фамилијата далеку од некоја вода.Ама во мојата кола како задолжителна опрема покрај сијалички,тријаголник,прва помош и сл. влегува и трска и елече со сите мушичарски потребштини.
Саботата решивме да поминеме до манастирот Јоаким Осоговски па после кратка седенка одлучивме да продолжиме уште некој километар погоре до Калин Камен каде се наоѓа едно мало езеро кое се користи за наводнување.
Нешто што ретко се сретнува.ГУСЛАР
Езерото е на голема височина.Назнам точно колку надморска ама имаш чувство дека ќе ги фатиш облаците.Се стига и со лека кола(едвај) и е доста посетено излетничко место.
Од риби знам дека има караш и кркушка и немаше нешто што може да се лови на мушичка ама во тој момент ми текна на оној виц:
На времето кога се крадеше многу во Бугарија ,иде Македонец пред ЦУМ ,ја паркира колата и става натпис :НЕ ЈА ОБИВАЈ КОЛАТА,НЕМА НИШТО ВРЕДНО ВНАТРЕ.Кога се враќа после 10 минути наоѓа како некој допишал :ЗНАМ, АМА МОЕ Е ДА ПРОВЕРАМ.
Така и јас,ставив мушичка на крајот од конецот и почнав да мафтам.Мое е да проверам
По некое време сватив дека нема никаква заинтересираност за мојте мушички.Единствено некој што беше заинтересиран беа мојте две ќерки.Во тој момент си реков: кој ќе чека зетовци ,па дали ќе бидат рибари,па ако бидат можеби ќе испаднат крапџии па пак ќе си одам сам по риба.
Дај јас да ги направам керкиве мушичкарки па зетовците што сакаат нека бидат.И така по еден брз АСИМИЛ курс на двете.
За да им влезе чивијата додека се млади.
До следниот риболов БИСТРО