Како се вративме од Скопје божем уште сум на одмор се некои обврски излегоа но синоќа решив денеска да направам еден инстант риболов на Богров , најавиа убав сончев ден , боили има и за следната сезона така да се беше спремно.
Да ама си поспав докај 8,30 па едно станување од некои 15-тина минути , па кафенце, па дали да одам со една или со две трски кога гледам веќе станало 9,30.
Ама нели езерцето ми е под балкон , денот сеусте голем колку толку па така товарив малку багаж и по едно десетина минути ете ме на "моето" езерце. Се поздравив со домакунот, малку муабет како си што има ново и слично па земав да си наместам двете трск и да се посончам на убавото есенско сонце.
Непомина многу време кога на десната трска убаво повлекување и по неколку минути овој убавец се беше подготвил за фото сеанса.
Префрлив повторно , си земав едно кафенце и седнав со соседиде на лаф муабет во исчекување на следното крапче.
И не се чекаше долго време , убав луспест крап беше спремен за сликање.
Во целина рибата небеше многу активна, се исфрлаше периодично но што е тоа е. За мене е поважно што се одморив убаво , се изнаприкажавме со пријатели и нови пријатели, имаше и скара и пивце па така околу 18 часот се прибрав дома , одморен , задоволен од убаво поминатиот ден.
Малку фотографии од денешнот риболове ден