Ние повторно на Вардар ,местото истото од минатиот пат,не за џабе рекле коњак си е коњак
Стигнавме рано уште во мугрите,екипата во состав Кире,Трајче и Милан
Мајсторите несрпливи уште рано,рано се фатија за работа ,тапи,јадици,конци,олова...
Најголеми дилеми беа околу обликот на тапите
Конечната и добитна комбинација беше следна,конец 12,тапа 2 грама,јадица 12 и му се пуштивме во вода
Рибата беше тука,навистина не рипаше како минатиот пат,но важно ја имаше
Крмевме со леб,на леб и ловевме.Излегуваа бојници,попадика и по некоја мрена не големи порцијаши но важно конечно се јави и таа со црвените опаши,поситните ги враќавме назад
А работата си тргна како што требаше
Подоцна почнаа да излегуваат и подобри парчиња па работеше и кепчето
Јас имав неколку откачувања на добри парчиња и нема друго во бокс
Му бапнав 10ка и немаше каде да бега
Денот си летна за миг,проблем ни правеше ветерот а и водата постојано паѓаше.
Го наместивме кампот,и седнавме да одмориме
Мавнавме по некоја ракија,некое пивце малку муабет и сонот брзо не стаса,спиевме како јагниња
Следното утро,речиси небевме расонети како треба узбуна 2-3 коли веќе пристигаа,набрзина поставивме трски и облакање чизми и комбилизони и правец во Вардар
Миланезе затепа една добра мрена,му даде зорт
Но Миланезе е јак во рацете
Покасно водата почна многу да паѓа,падна речиси 30см за два часа,а и ветерот не стивнуваше ,па време беше и ние малку да земеме душа
И одприлика тоа беше тоа,убав риболовен викенд а фативме и понекое рипче
Вагата дома покажа точно 25,5кг
Не за џабе старите мајстори велат кога ќе почне да се бере гројзето на Вардар му е мајката
До следниот риболов БИСТРО
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 35 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум