На никој Никола , тоа е исконски нагон во човекот. А и искрено незнам да има некој пост во форумов да се коментира риба изедена, ја фатил , решил да ја земе , негово право си е.
Ти Никола најдобро знаеш за кои работи се забележките и треба да се работи тоа да се промени колку е возможно повеќе.
Колеги имајте респект кон уловените големи примероци на крап , направете убави слики со нив , не расфрлени по земја и сл. Дали после таа фото сесија ќе ѓи изедете рибите или ќе ѓи пуштите назад во вода си е Ваше право.
Ние спортските риболовци можеме да и подариме живот на уловената од Нас риба.
Мислите ли дека тоа е тешко? Воопшто не е !
Па ние Васко,на луѓето кои прв пат пишуваат на форум,пробаме и се трудиме да им објасниме како треба да изгледа финална слика со уловена риба.Многу луѓе се научија,други ќе се научат...затоа и стриктно забранивме слики од купатила,кујни.....ќе дојде ред кога со полно право ќе забраниме и слики на земја...но уште не е моментот.Нека прво луѓето стекнат општа форумџиска култура
Убаво е сега во моментот да удриме главен акцент на борбата против харпунџиите и мрежарите,одпосле ќе еманципираме за убава фотографија.