www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 4:52 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 2:05 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Според планот и програмата која беше во МРФ оваа година требаше да се учествува на ова 15-сето Светско Крапско Превенство одржано во Португалија. Припремите беа доведени до крај, па спрема ветеното уште пред почетокот на овогодишната лига 2013-та така и се стори. Уплатена беше котизацијата за учество, разгледани беа сите алтернативи околу патувањето, автобуски, авионски, комбиниран, со траект, а најисплативата варијанта за нас излезе патување со еден автобус каде ќе биде сместена 11 члената репрезентација плус логистика но во онолкав број да на секој патник има барем по две столчиња како патувањето би било покомотно и порелаксирано :s) . Од понудените превозници се прифати оваа на Цонка бус како најисплатлива. Во договорот со нив беше предвидена маршутата како би ги запазиле европските стандарди за превоз на патници со автобус. Така беше предвидена прва пауза од 8 часа во Венеција и втората пауза од 8 часа во Барселона. Поаѓање во Петок за да пристигнеме во Понеделник некаде попладне. Договорено време за поаѓање 19 часот така да се одеше према предвиденото.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Она што бевме договорени овдека во репрезентацијата беше секоја екипа да изработи по 30кг. боили од оние кои им се најдобри на самите натпреварувачи, така да имавме боила Ицо-30кг., боила Пепи 30кг. и боила Јане исто така 30кг. Големина на боили 14, 16 и 18ка, изработени, смрзнати и спакувани во фрижидери за да може да го издржат овој пат од 3-4 дена . Потоа секоја екипа ќе добие по 10кг. од боилите како сите три екипи имаат иста количина и тип на боили :shake_hand: . На овој начин доколку некоја од боилите не работи или пак се расипе остануваат уште две врсти. Второ, по пат во Белград требаше да ги земеме уште спод миксевите од Киза-карпологија кои беа припремени исто така во замрзната состојба во фрижидери од по 20кг. а беа спонзорство од именуваниот Г-дин. Морам да напомена како оваа репрезентација би била комплетна сите имавме тренерки обезбедени преку МРФ како и по една маица со кратки ракави, една маица со долги ракави и дуксер обезбедени од Сашо Рибар 2011. Спонзорства од вода (газирана и негазирана) ладни чаеви, сокови од Синалко, понатака паштети, месни нарезци и сувомеснато, јаболка, леп, бурек....како и прекрасниот кувар Кочо кој се грижеше да сите натпреварувачи ниту во еден момент од патувањето, припремата, натпреваот не помислат што и кога ќе јадат.
Овака опремени и спремни заминавме и прва дестинација Венеција, прошетка во овој убав град, сликање, смеење, дружење и убав ручек во една од убавите Венециски пицерии.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Пред поаѓање уште по едно кафе или пак пиво на самиот брег и заминуваме понатака.(п.с. едно пиво овде чинеше 11 евра)
[ img ]

Следна дестинација Барселона повторно одмор од 8 часа и истата шема само што овдека затекнавме убав концерт на кој дел од репрезентацијата се опушти и се забавуваше.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Дојде и денот понеделник и стигање во кампот каде што МРФ имаше резервирано сместување во кампот во бунгалови . Према претходните скици и мапи мислевме дека кампот се наоѓа одма позади сектор Б но кампот се наоѓаше на 6км. oдалечен од секторот Ц. Целата стаза во секторите А,Б и Ц беше 4,5км. Сите се смесија во бунгаловите а екипите одма започна со проверка околу боилите и прихраната. Купени беа нови количини на мраз а јас и Васил Костов заминавме да ја пријавиме нашата репрезентација и да им го предадеме знамето и ЦД-то со химната. Зачуден бев :confused: за прв пат да не ни се издадат акредитации кои беа задолжителни на сите претходни Светски Првенства, па на моето прашање зошто немаме акредитации и како тие ќе знаат кој е кој добив одговор дека ќе носиме елече на кое ќе пишува натпреварувач, резерва и капитен. Поладнето екипите врзуваа предвези,
[ img ]
се проверуваа околу приборот, се монтираа шок-лидери и сите беа веќе спремни. Во моте меилови со капитенот на домаќинот прашував меѓу друго и за пристап на стазата со автобусот а добив одговор дека ќе може, но во разговор со српскит капитен диознавме дека нама шанси да се пристапи до стаза со автобус па дури и тие со комбето пропаднале-заглавиле. Ова беше обврска на капитените да се снајдат и да го организираат дотурот до боксовите. Така домаќинот ни вети дека ќе ни го даде нивното комбе НО после пренесувањето на ЈАР. Со нашите комшии Србија бевме договорени после нивното пренесување ќе не пренесат и нас, но и самите разговаравме со еден домашен рибар- судија Мануел кој возеше пикап дали ќе не пренесе и исто и тој вети.
Вторник одиме сите на стаза и нашите екипи заедно со логистиката останува да го проверува теренот- боксовите, позициите и секторите со влегување во вода, газење и пливање како би имале подобар преглед на дното и длабочинта.
[ img ]
[ img ]
Јас со Васил заминавме на извлекувањето за која екипа во кој сектор ќе лови. При моето извлекувањето
[ img ]
во сектор А ќе ловат Ицо и Даниел,
[ img ]
во сектор Б Пепи и Мики
[ img ]
и во сектор Ц Јане и Оливер.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Понатака се извлекуваше за редослед на влечење за утрето сабајле па така Васко ја извлече единица или утрето ден ние први влечеме за позиции. Ова беше прекрасно затоа што ќе имаме време да се спремиме но од друга страна беше и проблем затоа што ќе мора да ги чекаме ЈАР или пак Србија да се пренесет развезат првин себе па дури потоа нас каде што ќе изгубевме многу време. Нашите момци го имаа прочешлано секој втор бокс и изморени но задоволни се вративме во кампот од каде треба да заминеме на свеченото дефиле и отварањето.
[ img ]
[ img ]

Ова се нашите возачи
[ img ]
И еве ја репрезентацијата на дефилето
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

И овдека зачуден :confused: останав затоа што после дефилето и отаварањето на првенството немаше предвидено свечена вечера исто така за прв пат после овие мои неколку светски првенства.
Дојде и денот кога започнува она за кое се спремавме целиот овој период и сите како еден одиме на извлекување. Во меѓувреме го бараме Мануел за превоз како би имале доволно време за пренесување и човекот е таму и не чека.
[ img ]
Васко влече А15 Ицо и Даниел,
[ img ]
[ img ]
Б2 Пепи и Мики
[ img ]
[ img ]
Ритуалот на Пепи
[ img ]

и Ц7 Јане и Оливер
[ img ]
[ img ]
и сите помагаат да се пренесат елипите првин А па Б и на крајот Ц сектор.
[ img ]
Само што беше однесена и опремата на Јане и Оливер поминува комбето на ЈАР и ми велат Ве молам уште само 10 минути на што јас одговорив ние веќе сме пренесени. Одиме на стаза и во Б сектор се гледам со комбето на Србија и ми велат ево брате за само некој минута доаѓеме. Истиот одговор ние сме превезени.
Еве го и првиот свиреж и влез во боксови се отвара опрема но се започнува и со маркирање. Натпреварувачите ги добија листите со претходното сондирање со нозе секој за својот сектор како и мапи за маркирање, додека пак логистиката беше распоредена позади боксовите на Португалија, Романија, ЈАР, Хрватска и Србија. Во секој од боксовите имаше и по една токи воки станица како и кај мене, Васил и кај резервите Ристе и Флоре.
Од првото мое видување бев незадоволен за позицијата на Ицо и Даниел дека ќе се лови од висина а треба да се спуштат низ страшно стрмен дел за да дојдат до вода 2,5-3м., од комшиите во сектор Б каде што лево од Пепи беа Хрватаска а десно Србија и тоа Бојан Бојанич и добро ги познавав нивните квалитети и можности за наоѓање на риба, за моќно зафрлување и се разбира далечно хранење, како и позицијата на Јане и Оливер каде што ќе мора да се бара риба над 100+м. Меѓутоа на сите натпреварувачи претходно им кажав дека нема лоша позиција и да не ги интересира соседниот бокс туку откако ќе влезат во нивниот бокс МОРА максимално да се изработи од почеток до крај, да се измаркира (исондира), да се храни спрема договореното, да се прати движењето на рибата, како и да се фпишеме што е можно порано со риба во мерка. Онаа екипа за која се плашев дека можеби ќе попушти поради фактот кои им се комшии Пепи и Мики во сектор Б одработија школски по П.С. одма ја имаа скицата за длабочината и далечината на своите маркери, прецизно им беа наместени и спод трските и параболиците за истите далечини, а јас постојани им велев леле сега комшииве кога ќе распалат (за да го опипам нивниот пулс ) на што добивав одговор од Пепи ќе видиме кој ќе победи!!!
Однапред договорена стратегија е да се најдат две хранилишта блиско на некој си ,3-4м. длабочина и подалечно на некој си 5-6м. Во сектор А и во сектор Б овакви хранилишта беа направени за разлика во сектор Ц каде што над 110м. почнуваше да се зголемува длабочината над 2м. Јане успеа да најде и една дупка на 55м. далечина од 4м. длабочина така што и тие имаа два маркери (хранилишта). Договорено беше да не се претерува со прихрана туку на првото хранилиште да се фрлат 10 ракети спод микс со шекерац и сечени боили, додека на второто хранилиште прихрана само со боили. Од 4-рите трски на три по една боила а на 4-ртата пченка. Со по една трска да се експериментира и менува со тигров орев, со попуп, со подигачи и т.н. и чим го добиеме првиот удар одма информацијат се пренесува до другите. Логистиката имаше добиено листи каде што требаше да се забележат далечина на хранење, далечина на ловење, големина на боила, боја на боила, должина на предвез, интензитет на хранење, време на префрлање, ...
Првата реализација ја имавме кај Пепи и Мики и тоа на пченка дипувана во скопекс и јагода со подигач, сите го имаа истото веќе како мамец во вода.
[ img ]
Тежината на нашиот прв крап каде што можете да видите и слика од вагата која беше професионална
[ img ]

Првиот ден беше со ветер но најумерен од целиот натпревар. Какви боили впрочем ние имавме, боила Ицо брза и боила која работи одма за разлика од боила Пепи и боила Јане која работи подоцна.
Сектор А, сектор во кој се одржа претходно купот, сектор во кој се очекуваше и се извади најмногу риба и сектор во кој го имавме најискусниот натпреварувач Ицо, репрезентативец кој еднаш веќе имаше ловено на оваа вода, а ние овдека потклекнавме –утнавме. Каде? Заначи Ицо и Данил како и другите измаркираа како што се договоривме и почнаа да хранат со првата боила –Ицо, меѓотоа оваа боила неиздржа на овој долг пат и веќе имаше почнато процес на расипување па од брза боила се случи да наместо да навлече риба напротив да ја избрка. За да биде трагедијата во овој наш бокс поголема се хранеше и чекаше до наредниот ден утрото дека ќе има резултат, но се случи да нема ни едно тит каде што се јави и првиот аларм дека нешто не е во ред. За ова време во нашите два екипи во соседни сектори се хранеше умерено комбинирано со сите три боили и не се форсираше една, што не беше случај во сектор А! Сега веќе имавме изгубено еден ден но проблемот беше што мораше да се најде ново хранилиште а ветерот веќе беше со поголем интензитет па така да маркирањето во длабочина од 5-6метри беше и попроблематично и понепрецизено, а од друга страна почна и дождот со силен ветер па првртени шатори, намокрени и поплавени каде што ретко кој може да остане релакс. После овој период веќе беше прекасно да се постигне изгубеното и да се направи резултат.
Во сектор Ц кај Јане и Оливер, сектор во кој се извади најмалце риба и сектор во кој само 6 екипи се впишааа со улов на крап над 1,5кг. се работеше пажливо и прецизно но успех да се извади крап со мера не се успеа. Се извадиа многу ситни малумерни крапчиња, се извадија амерички сомчиња но најголемиот крап не ја помина границита од 1.400грама.
Сектор Б сектор во кој 4-ри екипи останаа без улов а уште толку екипи беа со една риба успеавме да се избориме за трето место или поточно се извадија вкупно 12 крапа со вкупна тежина од 21,857кг. За да се поминеше на втората позиција на која беа Србија со своите 35,109кг. не беше недостижна но втората ноќ кога екипата на Србија ја направи оваа предност па изби на прво место Бојанич префрлаше цело време каде што се покажа доста успешно за разлика каде што ние одевме на поретко прафрлување. Нашата екипа ловеше на некој си 90м. и на 60м. додека екипите на Хрватска на 145м. а екипата на Србија на 130м. Овие две екипи ќе повторам кои се едни од најспремните како во опрема така и во искуство и квалитет ловеа и фрлаа крајно професионално и добро е што Пепи и Мики не пробуваа да им парираат затоа што не можеа да успеат и овдека ќе се утнеше ако почнеше да се бега од своите хранилишта. Ударната боила која работеше на сите позиции беше боила Пепи а најдобри резултати се добиваа со индианец комбинација една боила со две други нанижени на ПВА тејп фрлена на страна од хранилиште .

Овде треба да напоменам дека превозот на нас капитените до стаза и назад како и допрема на храна на натпреварувачите се вршеше со трите велосипедо кои го носевме со нас, а поминатата километраже не сакам ни да ја спомнам. Најголемите проблеми околу возењето настанаа кога имаше невреме, па мораше да се вози по дожд и кал. Првиот ден од натпреварот се распрашавме и за рента кар но најблиску од кај што можеше да се земе беше одалечено 50км а за два дена требаше да се плати 180 евра, така да и оваа идеја пропадна.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

[ img ]
На следнава фотографија можете да ја приметите висинската разлика во сектор А каде што Даниел вади риба а Ицо ја црпе
[ img ]
Еве некоја слика од реализираните улови и можност да се видат овие мерни крапови.
[ img ]

[ img ]
Еве како заморот го совладува натпреварувачот и покрај тоа што избегнал да седне на удобната крапска столица за да не заспие седнал на фрижидерче да се одмори.
[ img ]
Овде можете да видите иако не сте хранеле со спод микс што се исфрла водата од силниот ветер и бранови
[ img ]
[ img ]
Ова е често се случува на натпревар овде кога америчкото сомче ќе се прејаде па водата го исфрла на обала од брановите
[ img ]
А овде ја мериме последната уловена риба кај нашите во сектор А
[ img ]
На крајот завршивме како 12 на ранг листата со 36,5 казнени поени исто онолку колку што имаа и екипите на Словенија и на Босна и Херцеговина но благодарејќи на вкупната килажа во сектор Б ние бевме погоре рангирани.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Се калкулираше ех да извадиме една риба во сектор Ц ќе одевме погоре но се е овде математика, точно дека ако имавме риба во мерка во Ц сектор наместо 13,5 казнени поени ќе имавме 7 но и во сектор А доклку имавме + една или пак две риби наместо 20казнени поени ќе имавме исто помалкун 6-7поени. Спорт е ова како и секој друг па после завршетокот секој се преиспитува и се проверува каде згрешивме и каде не сработивме како што треба. Промашена стратегија околу прихранувањето немавме затоа што оние кои користеа прашкаста со спод во форма на топки во сектор А екипата на Унгарија излегоа четврти!!! Овдека не победи стратегијата туку пресудна беше среќата да се фати наместо риба од 1,400 риба од 1,500кг. Натпреварувачите наши имаа СЕ од логистика, навремени информации, храна, допрема на алишта, подршка во секој поглед, беа послушни и педантни ....но им фалеше само малце повеќе среќа.
Дојде и свеченото затварање каде што се доделија и пехарите и медалите до кој на жалост не стигнавме ние.
[ img ]
[ img ]
Поединечно прво место екипата на домаќинот Португалија во сектор А прво место, втори нашите соседи во сектор Б екипата на Хрватска и трети екипата на Италија во сектор Ц.
[ img ]
Екипно победници на мундиалот домаќинот Португалија , втори Хрватска и трето место екипата на Казакстан. :bravo:
[ img ]
После сето ова во неделата сабајле се спакувавме и назад за дома а попат повторно правиме паузи првата во Мадрид но за разлика од оние на доаѓање го немаше веселиот осмех и елан кај нас, што може да се види од сликите.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Ведриот и насмеан лик кај нашите натпреварувачи се врате дури во монте Карло .
[ img ]
[ img ]

И на крај мојот заклучок од ова светско превнство дека сите ама баш сите од репрезентацијата наша дадоа максумум, никој не се штедеше или пак работеше самостално. Овде победуваат и имаат успех само тимскате репрезентации како што бевме и ние но дванаесетото место никој не го посакуваше на почетокот но тое е тоа.
Бистро за следната година :fishing:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 2:28 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:lepi: :lepi: :lepi:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 3:09 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Конечно, едвај ја дочекав репортажава :crazy: :lol:
:bravo: :thumbs_up:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 3:21 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
:bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :bravo: :bravo:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 6:18 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Odlicna reportaza kako sto znae predrag da napravi :bravo: :bravo: :bravo:
Go lice za kapiten :D :shock:

Samo da dodadam deka slikiteso plivanjeto se c6 I c7 I videte kakva e situacijata.vo dalecinat e pepi kaj sto go najde kanalot

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 6:29 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Reportazata e prava kapitenska.

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 6:49 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Јан 12, 2012 9:48 pm
МислењаCOLON496
ЛокацијаCOLONBitola
:~~ :bravo: :~~

_________________
Anyone who truly understands the passion for
angling knows, only true happiness exists by the
waterside. All other time is spent either thinking or
dreaming about it.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 7:09 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Стар Пријателе со еден збор --ПРЕКРАСНО-- :lepi:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 7:38 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Браво, одлично срочено!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 08, 2013 7:48 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
super reportaza :bravo:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 24 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum