Веке од 2009та навака ЗРЛЕ"
ЦРН ДРИМ" Лабуништа-Струга организира крапски натпревар на Глобочичко езеро - натпревар во дисциплина "лов риба со јадица на дно", овој е 4ти по ред куп што е во наша директна организација. Купот се организира легално со дозвола од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство и со дозвола од агенцијата за млади и спорт. Сите екипи поседуваа спортски легитимациииздадени од МРФ
На овогодинешниот Куп зедоа учество 19 екипи, 18 беа од Република Македонија и една беше од Мала Преспа. Неколку боксови се тргнаа на овој куп - се елиминираа боксовите 1, 2 и 3 од предходниот, каде што беше
Spaiva и каде што беше
Jane.
Моментот кога се пријавуваа екипите
Моментот на влечење на ждрепката
Додека се чекаше возбудливо за влечење ждрепка
Редоследот беше вака:
Бокс број
1.
ЦРН ДРИМ -Лабуништа
2.
БОЈНИЧАР -Скопје
3.
ПИПЕРКО -Кичево
4.
БАБУШ -Лабуништа
5.
ХАНТЕР 1 -Кичево
6.
ХАНТЕР 2 -Охрид-Кичево
7.
Св.СТЕФАН(Арнаудови) -Охрид
8.
МАНЧЕ -Кичево
9.
ПН МЕТАЛ -Драслајца, Струга
10.
ТАСАМ -Лабуништа
11.
Бф БАИТС(СвСтефан) -Охрид
12.
ВЕВЧАНИ -Вевчани, Струга
13.
ЛАБ-ПРОМ -Лабуништа
14.
УНИМЕТАЛ -Лабуништа
15.
КАРП ТИМ ЕКСТЕРМ -Струга
16.
МАЛА ПРЕСПА -M.Преспа - Р.Албанија
17.
БЛЕК ДРИМ -Лабуништа
18.
САШО -Крива Паланка
19.
ЛОВЕЦ -Лабуништа
Некаде околу 12 часот екипите спремни тргнаа на своите позиции
Како и секоја година и оваа година спонзорите не не заборавија
Едно големо БЛАГОДАРИМЕ
До сите што ни помогнаа на секаков начин
А посебно за две фирми од Охрид - НОМА МЕТАЛ и П.Н. МЕТАЛ, кој што на овогодинешниот Куп ни беа Генерални спонзори и им благодариме од сесрце
Тешка прихрана беше дозволена од 14.30 часот па се до 18 часот.
Еве резултат само што се почна натпреварот
БЛЕК ДРИМ на позиција 17 на новата патека со две мерни крапчина
Мерење и враќање
Не изминаа 10 минути удри уште едно
Сите мислеа толку е овие од
БЛЕК ДРИМ се фаворитите - попара ке ги направат, но ете за жал и тоа се случува - дива вода е, дали беше или не нивото на водата опадна за 1 метар за кратко време, секоја година баш кога ке се одржува Купот, другите предходни денови водата е толку стабилна и баш во добра висина, очигледно со намера ке да е
Риболовците спремни на сите полиња
Се густираше на големо
Скарата спремна
Гравчето со месо
И да не ги заборавам сочните Тулумби
Вечерта околу 23.30 часот, слушнавме се извадил крап... и сите кутат колкав, вика боби над 15 килограми и сите колкууууу 15 кг
, 5 минути никој не прозборе
голема
насекаде
Се јавува Фико, вика на 10-ка Тасам Капиталец - сруши рекорд од сиве 4 купа најголем кеда е
За жал немаме добро видео и добри фотографии пошто крапот бил доста изморен па судијата нареди веднаш да се врати за да не дојде до негово оштетување.
Вечерта кај сите имаше удари, некој извади, некој не извади, кај некоја екипа имаше и кинењена конци, некои екипи имаа немерни крапчина, кај екипата ПН МЕТАЛ на бокс бр. 9 што да видиме - еден убавец од 8 кг. дивјак
По некое време Судијата вика екипата на позиција бр. 12 ВЕВЧАНИ извади еден убавец од 6 кг.
Секоја екипа си кажуваше што им се случило на соседните екипи, но нај интересно беше една од екипите- дечките се
успале па не го слушналесигнализаторор како свири и тоа го слушале 5 минути но за лоша среќа рибата не ја извадиле
Кинење имаше кај неколку екипи и тоа на доста крупни примероци на крап, екипата ТАСАМ не успеа да го извади уште едниот голем крап
На крај сите екипи се собравме на ширинката да ги слушниме резултатите и видиме победниците
Благодарници имаше за сите Учесници на Овогодинешниот Куп, како и Медал и Диплома за:
Најстар натпреварувач
Најмлад натпреварувач
Најголема уловена риба - екипата ТАСАМ на позиција бр. 10
Трето место екипата на П.Н. МЕТАЛ - Драслајца
Второ место екипата на ВЕВЧАНИ од Вевчани
и Прво место екипата на ТАСАМ - Лабуништа
На крај заедничка фотографија на сите учесници на овогодинешниот Куп
Доколку имаше ненамерни пропусти ве полиме да коментирате- се со цел истите да се поправат за во иднина, се во животот е школа.