www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 11:23 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:08 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Јан 11, 2012 3:31 pm
МислењаCOLON90
ЛокацијаCOLONSkopje
Здраво на сите рибари.

Пред се,сакам да ви се заблагодарам на сите кои ми помогнавте за избор на параболици, но на крај финансиите беа пресудни,па така со татко ми купивме 2 параболици Osako Sea Carp 3.90 2.75lb и што побрзо сакав да отидам на вода за да ги пробам.Воедно татко ми се договори со неговиот колега Борис,со кого се каневме подолго време да одиме по риба и дојде денот да ме однесат на едно убаво место за да ги пробаме параболиците.Стигнавме на лице место во Саботата околу 07.00 часот.

После неколку часа распакување,крмење,одржување на првиот час и параболиците беа зафрлени во вода.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Дента помина без удари.Вечерта си легнавме околу 22.00 часот со ветување дека ќе ме разбудат при првиот удар,доколку го има.Ударот го имало околу 00.00 часот по полноќ,но господ ги опомена бидејќи не ме разбудија Амурот им се откачи пред да го кепнат. :hit_head:

Вториот удар беше околу 05.00 часот,јас успеав да го слушнам сигнализаторот ,некако во сон,скокнав,го видов Борис како трча по трските и јас веднаш рипнав по него.По долга борба Борис го паркираше во кепчето,кое го држев јас.Следуваше сликање,
[ img ]
[ img ]
час по грижа за рибата – нејзино лекување
[ img ]
[ img ]


и враќање на Амурот во водата.
[ img ]


Потоа среќни си презаспавме и утрото станавме околу 07.00 часот.Параболиците беа префрлени и после 10.00 часот дојде среќниот момент,мојот прв вистински удар на голема риба и борбата со него, :yahoo: :yahoo: :yahoo:



Следуваа среќни моменти,честитки од Борис и од татко ми и се разбира следуваше мерење,Амур од 9 кг.,сликање и враќање на рибата во нејзиниот дом-водата.
[ img ]
[ img ]
[ img ]


Јас бев многу радосен и среќен,малку позитивно уплашен од тегнењето на капиталецот.После зафрлањето на параболикот,со голема надеж мислев дека ќе има уште еден удар,но тоа беше се за овој викенд.Пресреќни се вративме накај дома.Сакам да му се заблагодарам на Борис што ми покажа неколку тајни за риболовот и за најубавиот викенд поминат на вода.Голем Поздрав до сите форумџии. – БИСТРО!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Cestitki Fiko za ubaviot ulov koj sigurno go imas preraskazano so vozbuda na celo skolo :D i cestitki za kako sto pisa i samiot
" vrakanje na ribata vo nejziniot dom " :ok_ok:

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:21 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Светот останува на младите....после зборовите на мајсторот све е излишно, ама еве и од моја перспектива бидејќи Филип некако срамежливо објаснил

Детето е загреано до даска за риболов,....знаејќи како ми било мене како мал, заедно со татко му решивме да пробаме да му обезбедиме риболов за паметење. Како што пишал Филип има два нови, т.е први параболици и гореше од желба да оди на некој екстра риболов.

Стигнавме на езерото и почнавме да се распакуваме и да местиме опрема и канонадата од прашања започна...
...а какви се твоиве трски....од кај е фирмата...од кај ги купи,...добри ли се моиве,...добар ли е конецот, добра ли е машинката...? :)
...каков е род подот, како се поставува, од што е направен, кој род под е најдобар...?
...од кај ти е футролава...?
...какви се сигнализаториве ::?
..иииијјјј од кај ти е кутијава за прибор...?...кога ја отворивме кутијата следеше иииијјјјјј и нова канонада прашања
..од каде овие олова, која е најдобра јадица, какви се овие ароми, што се овие смоките, што се овие сунгерчиња, :D  ....тоа се вика загреан рибар, тој што прашува..... јас трпеливо одговарав и му покажував како се прават системите, како да става мамец на влакно, како да го издолжи влакното, на што да внимава, како да ја постави трската и сл....

Време беше да прихраниме и он барабар со мене дојде да фрламе храна и секако по пат нови прашања, зошто грашок во пченката, што јаде амурот, кои ароми се добитни, каде треба да се зафрла и сл...

Дојде време за нова лекција, како се зафрла и на што треба да пази, јас покажував, а он пиеше како сунѓер, со попатни прашања, како нишаниш, има ли врска конецот, машинката и сл.прашања
Додека се сместивме, додека нахранивме и зафрливме стигна 11 сат.
Ни помина првиот ден, а Филип не излезе од мојата кутија со приборот, т.е правеше паузи кога јадевме и кога идеше до трските, до род подот и поставуваше прашања за нив...

Пред да се стемни, следеше нова лекција “Ракетирање“.....на кое Филип доби одговор на прашањата зошто е оваа трска со толкаво окце, зошто е 4,5 либри, како се користи ракетата и сл....и додека јас рекетирав, он пунеше ракети и вадеше трските да префлиме...

Стигна вечерта, а он беше се порезигниран и разочаран. “Ајде нека удри некој амур, повторуваше...:) додека ние го тешевме дека можно е да удри вечерта и дека најверојатно чека он да легне и да заспие.
[ img ]
Малиот вечераше, со тажна фаца отиде во кола, се пикна во вреќа и пред да го совлада сонот порача “разбудете ме ако удри“ :D )),
Јас и татко му, имењакот останавме да си мезиме и да се релаксираме.
[ img ]
Точно во 12 се јави сигнализаторот кај мене. Започна борбата, во глава си мислев “можно е ова да е единствениот, дај да го извадиме за Филип да го види, да се слика, да појача импресии, тоа за него ќе значи многу“..... имењакот вадеше трски за да не не уплетка и асистираше со кепот, сепак при кепање, амурот се откачи и замина. Филип за тоа време спиеше и не не сети, а и ние не го разбудивме и најверојатно затоа го изгубивме амурот :) убаво напишал погоре

Накај 04-05 нов удар кај мене,... овој пат сите на нозе,...започна борбата, а малиот имаше можност да се испроба на тема “кепање“....еднаш го промаши, двапати го промаши, доби неколку совети и мислам дека од трета успеа. Радоста кај него беше неизмерна. Научи како се откачува горниот дел од кепот, како се пренесува рибата и каде се полегнува.
[ img ]
Научи и што е тоа КлинИК и за што служи, затоа што додека го кепаше амурот првично го извлече на обала и амурот се распафта и малку се повреди...ама и тоа му беше школо на Филип,.. како не треба да ја влече рибата со кепот на обала.

Се изнасликавме, му ставивме Клиник на амурот и следеше нова лекција, како се враќа рибата назад. Живи радостии и назад во кола да се стоплиме и да поспиеме уште троа.

Сонцето не разбуди за кратко, следеше вториот ден.
Станавме, префрливме, поново закрмивме и чекавме...
Од една страна се надевав дека ќе удри денски, а од друга се плашев ако не удри Филип нема да има можност да ја сети рибата на трска...
Филип не престануваше со прашања :)
Заедно правевме системи и други матракукии...слушаше лекции, но и имаше можност сам да направи систем од почеток до крај, од љуштење на snakeskin, преку врзување на јадицата и правење на влакно, ставање на термо божур, врзување на осмиците, до монтирање на мамецот....
Од време на време ќе кажеше
“Еххх да ми удри на моите параболици, да ги осетам како реагираат на поголема риба, да ја осетам и машинката нова....

Не помина доста време ...одличен ран токму на неговиот параболик....малиот рипна и куршум го зграпчи параболикот....тука беше рибата, а адреналинот скокна до максимум........јас со задоволство ја прифатив улогата на асистент, а таткому брзо ја вклучи камерата....видеото го имате погоре

Од едната страна беше Филип со 28 кила, а од другата страна сериозна риба која влечеше јако...
Детето имаше можност во пракса да се испроба и да види што научил на форумот и од советите,....беше исплашен, но и решен да се бори со големата риба.......“ииијјјј ме влече ќе кажеше од време на време“.......во сред борба доби потсетување дека треба да си ја проверува кочницата на машинката за спремен да ги дочека налетите на рибата,...и тоа го направивме заедно....амурот се приближуваше, а Филип успешно го уморуваше. Јас со задоволство ја превземав улогата да му кепам на МАЈСТОРОТ. ...Амурот беше совладан и победен.....на радоста и немаше крај....

Филип држеше вистински трофеј, фатен на негова опрема и изваден лично од него.....апаратот штракаше на сите страни за спомен, ......ја измеривме рибата, беше околу 9 кила,..... ја однесовме до водата и како што е редот МАЈСТОРОТ и го покажа патот за назад.....а таа му одпоздрави со еден силен плесок со опашот и млаз вода, како да сакаше да му каже “Нека е аирлија и да имаш уште многу капитални улови“
[ img ]
[ img ]
[ img ]
....ова беше голем улов за него

Подоцна во денот дојдоа доста рибари и излетници кои галамеа на сите страни и беше јасно дека нема да имаме удари понатаму.......но тоа не беше битно....она што беше битно беше исполнето...
Еден многу млад рибар имаше риболов од соништата....

Додека се враќавме исполнети со убави спомени, со неговиот татко заеднички се присетивме на нашето детство, кога и нас не носеле по риба,...ама за жал ние не сме имале можност да ловиме вака капитални риби каква што извади мајсторот :volku_golema:

Ќе биде големо рибариште од него......можеби еден ден ќе ја претставува и Македонија некаде далеку на некое светско првенство......нека се сети тогаш на старците со кои ги правел првите чекори
[ img ]

БИСТРО нека е


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Браво мало мајсторче, браво!!! Браво и за тато и за Борис и со здравје да си ја корисите опремата !
Прекрасна репортажа и иден млад крапџија. Сликата со Амурот кој си го уловил и насмевката на твоето лице кажуваат се :D :~~ :lepi: Само вакви да ти удираат :volku_golema:
Поздрав

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:27 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Дете од мене имаш едно голееееемо браво за риболовот и за репортажата.
После ова чивијата е влезена и нема незад.
Одлични лекции си добил од поискусните од тебе, а на тебе останува да се надградуваш и еден ден да станиш подобар и од нив ;) .
Уште еднаш браво и за тебе и за целата екипа.
И ај да видам нареден пат да не те будат кога ќе вадат риба :mrgreen:

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:41 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Е за ова зборувам, овде лежат успеси, етика, пасија и вистински риболовец.
Фико секоја чест дечко млад...БРАВО!

Боро, у рибар те префрламе у секција за едукација на млади кадри. :D

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:43 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON553
ЛокацијаCOLONSkopje
Cestitki Fiko. Uzivav duri go gledav klipot I se potsetiv na vremeto koga so vujko mi gi imav prvite ribolovni izleti I gi lovev prvite ribi.
:NotWorthy: za Boris , sega zapnuvaj mu pocesto da se druzite ;) , od tebe ke napravi KOMPLETEN ribar. I slusaj go sovetot od "kamermanot" ribite vadi gi poleka I UZIVAJ pa makar I se otkacile, ke dojdat drugi.
bistro

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:44 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
ФИКО, ФИКО
Мајсторот не се познава по години, туку по РАБОТАТА.
Браво убаво изработено и убава риба.
:thumbs_up: :~~ :bravo: :~~ :thumbs_up:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:50 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Ми ја стопли душава малиов, браво бе Фико!

Сега само ти слушај го батко ти Борис и што повеќе на вода да си!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Првиот час по Амурологија
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 02, 2013 8:50 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:~~

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum