Професоре, ајде една твоја професорска прогноза ми фали за ноќва...ајде еден осврт и да си легињаме.
Инаку и ПП ти пратив, не си ми одговорил.
Овој класниов ме остави без текст. Васил Костов, сериозен човек за сериозни времиња. Многу направи, ама заборави една многу битна работа. Ако се реализира тоа што го прогнозира, мисли дека ќе помине само со Венеција и само со еден автобус луѓе? Се лаже. Репрезентацијава се изѕида од сите нас во Лигата. И сите ние сме таму цело време и частење нема да му бега. Само нека биде пехар. А и не мора. Нека биде најдобар пласман до сега. Историско.
Рано е уште за било какви прогнози. Целава работа може да се изврти и смени. Радуваат Пепи и Мики, но не смеат да застанат. Кај и да е и Бојан ќе се упише. До сега требаше и Ицо да се упише. Но чувствувам дека не сум загрижен за него. Некако сум сигурен дека ќе проработи. Од Јане и Оли доволна е само една риба. А таа треба да дојде ноќеска или утрово. И нека му ја легнат. А нема сигурно. Тек тогаш ќе летнат.
Лошо е што по се изгледа мајсторијата не влијае овде. Има и уште нешто. Тој што ќе остане последен без риба ќе има страшен притисок. Цела репрезентација и цел успех ќе зависи од него. Не е лесно. Имаат се што им треба. И мамци и опрема и не имаат сите нас. Останува да чекаме. А Македончето најдобро знае да чека. Ако треба и 5 века или 72 часа.