По долго размислување дали да одиме на Вардар или на Дебарско буквално во 5 до 12 се решивме за Дебарско.
Уште рано рано,му ја спраштивме.Не сме биле таму неколку години.Пристигнавме кај чешмите уште во ноќ,а батериите сме ги заборавиле дома.Се поврткавме малку и некако не ни фати око да се спуштаме по едно стрмно патче,па во кола и малку погоре.Се спуштивме по едно козјо патче надолу,ни се виде добро и се растоваривме.
Бевме јас,Трајче и Фрце
,централата не беше пуштена,ама затоа ние му се пуштивме и тоа јако
Полче го утепавме набрзина
Дојдоа и рибаришта,па муабети вака така,рибарски работи
и оп рокна вода две турбини лета
Мафтавме околу саат време ама никој ништо,те небила качена не светка незнам што
по некое време само еден мајстор почна да ги тепа,ние другите плакневме очи
Фрце отиде надолу да проба накај чешмите,и се јави со добри вести два извадил исто толку и откачил
Со големи маки се наотваривме и дел од опремата во кола дел со нас,живо малтретирање ама некако се префрлифме.
А денот пола си замина
Само што почнавме да вадиме,дојде чуварот Љами.Собирајте трските,аман за аман едвај некако ја средивме работата,не за џабе нашиот народ рекол кај што бургија небуши пара буши.
Продолживме да ловиме ама слабо,колку откачивме да се чуди човек
Водата покасно повторно почна да варира и што да кажам цел ден само нервози
Муабети за алфи и инспектори од Охрид,казни големи цел ден само сме се вртеле наваму натаму
Фатативме многу слабо
Да останевме и другиот ден ѕрцките ќе им ги извадевме,ама вака остана за следниот пат
Се на се малтретирање,за еден ден не се исплати патот.Додека не се реши ова со концесиите веќе дефинитивно натаму не одиме