Борис што факултет треба да завршиме за да правиме вакви репортажи?
А глумциве во видеото се војници на АРМ?
Јас не сум режисер, ниту пак монтажер, правник сум,....ама се се учи....
За солидна репортажа најпрво треба да се има замисла истата да се направи, т.е треба да се носи апарат или камера и да се доловат разни интересни работи пред, за време и после риболовот. Притоа треба да се има доследност на замислата. т.е да се снима кога е најинтересно. Ова тешко се постигнува, затоа што пр. ако рибата добро работи кој мисли на снимање, ако имаш риба на трска, тогаш работи адреналинот и на никој ако не му текне да го уклучи апаратот/камерата, ништо нема да се долови од моментот. А ако цело време по малку се уснимува, тогаш ќе има доволно материјал за добра репортажа. Ако имаш и некое програмче за монтирање и ако знаеш да монтираш, добро да ги склопиш делчињата, да имаш добра замисла во глава, тогаш може да се прават и вакви трејлери, само си бара време и живци, ама на крај искачаат убави работи што ќе останат за паметење....поздрав и очекувам слични репортажи