Momci, zalno e sto pisuvate raboti sto ne se za forumov i sto ja gubat smislata na postoenjeto na istiot. Ribari ste ili demagozi?
Ponatamu, kako sledac na stranicava od nejzinoto postoenje do denes, neznam dali primetuvate, ama reportazite od ribolov se pomalku vi gi ima, zaprasajte se zosto...osobeno kreatorite na ribar.com.mk. Samo forumot e aktiven, so dosadni vregjanja i sl., daj malku vnesete svezina - premnogu tupite so mislenja i idei, se pravite deka menuvate zakoni i slicno (ona sto bese najaveno deka ke go pravite i deka stranava ke podigne golemi reakcii kaj obicnite ribolovci) sega veke sekojdnevno ja gubi smislata drasticno, bas steta.
Abe krivolovcite se' poveke gi ima, ne mrdnal nikoj so prst da spreci krivolov!
Koncesionerite si se pobogati od sto bea, vadat riba so toni so mrezi, isto taka nikoj so prst ne mrdnal!
Dali razbirate deka ne e dovolno samo zakonot da bide napisan, tuku treba da bide sproveden i primenliv, adaptiran na uslovite na vodite i ribarite.
Vie kako drustvo ste dolzni da pritiskate tamu kaj sto treba, po Ministerstva, po lovocuvari, koncesioneri, da deluvate nezavisno, a ne da se slikate so koncesioneri ili ribari koi ustvari se najgolemi krivokradci, ne razbiram zosto taka se odnesuvate, imate nekakov kjar od niv, pogolemi fraeri ste ili sto?
Toa sto nekoj krivolovel bidnalo i pominalo, glupo e sega da pisuvame i da vadime prljav vesh.
Moe licno mislenje e deka ke dojde denot koga nasite vodi ke bidat kako Slovenskite, Bosanskite, Srpskite, pa i ako sakate skandinavskite, ama za toa treba da se smenat mnogu raboti, da pomine mnogu vreme i najvazno da se smeni genetskiot kod na ribarot za kradenje, da razbere deka ne e se' vo krivolovot i deka denes nemozes site ribi da gi ulovis.
I jas fativ da filozofiram malku, ama podobro mi e taka.
Se izvinuvam ako nekoj se prepozna kako navreden.
Не е тема, ама ќе ти реплицирам како создавач на сајтот и еден од формирачите на форумов, па можеби ќе прочиташ и ќе се замислиш. Најпрво твојот коментар почна “kako
sledac na stranicava od nejzinoto postoenje do denes, neznam dali primetuvate, ama reportazite od ribolov se pomalku vi gi ima“
- Епа друже да ти објаснам дека репортажите се помалку ги има затоа што постојат вакви следачи како тебе кој никој не знае кои се, што се, од каде се, како се викаат, дали се риболовци или криволовци и кои толку години се на форумов и само СЛЕДАТ...следат и ќутат....и убаво им е репортажи да гледаат. Епа друже следач извини ама има тука луѓе кои потрошиле куп време, фотографии, видеа, монтажи, составувања на текст и направиле куп репортажи, за да тебе и на многумина да им биде убаво, да ти откријат убави моменти, дружби, риби, места, тактики, мамци и сеуште постојат вакви како тебе кои СЛЕДАТ или во паркови ги викаат ПАЗАЧИ, кои со мал прст не мрднале да вратат на форумот или на другите активни форумџии со репортажа, информација, активност и на крајот се дрзнуваат да оставаат вакви коментари. Ние што си го сакаме форумов и што си се почитуваме како форумџиски активисти и понатаму ќе оставаме репортажи, ќе се расправаме, ќе дебатираме, ќе се караме и ќе се дружиме, но запрашај се ти што правиш ?
Во твојот втор дел од коментарот имаш добри констатации, ама фала што не просветли ги знаеме тие работи, прашањето е како да се променат и кој да ги промени. Ние како друштво сме биле должни....оф мори мајко што сме тоа должни ? на кого сме должни ? да не зимаме плата некаква па да сме должни некого ? должни сме на нашиот елан и завет дека ќе пробаме нешто да помрднеме, така и сме се собрале и колку што можеме збориме, поднесуваме иницијативи, правиме секакви акции, порибуваме, ако има уште 1000 како нас сигурно побрзо ќе се мрднат работите, но за жал ги нема...за жал ги има многу како тебе кои само следат, констатираат и солат памет....Епа бујрум паметот сподели го во некое друштво, помогни лично и со време и со активност и со пари па ќе правиме моабет, а не да спиеш на уво дека “deka ke dojde denot koga nasite vodi ke bidat kako Slovenskite, Bosanskite, Srpskite“....ќе дојде жими таска балабанова.....ова не е снегот во Јануари па кај и да е ќе дојде.....нема да дојде денот друже мој се додека следачите и тие што констатираат не се помрднат малку и активизмот во риболовот не добие поголеми размери ...
П.С Ако некој го трга коментаров стајте го некаде на видно место, како поздрав до следачите да ја мучнат тиквата и да дадат некој допринос, покрај својот допринос во должно внимание во читање репортажи