Сакам да споделам една лична констатација.
Се сеќавате на репортажата на Браца кога станаа светски прваци со Мајкич токму на оваа стаза. Па ранеле на 130, а ловеле на 140 и повеќе метри. Па бојла комбинација јагода-squid, па .... Лично не би се потпирал на ова освен ако некому се падне токму таа позиција. Анализирајќи го тоа СП, тогаш, некои вадеа солидна риба и на помали дистанци. Од таму дојде еден вид импратив дека во Португал основното е да си спремен за лов на поголеми дистанци-растојанија. Па во сите методологии и тактики се оди на обезбедување опрема за лов на далеку (тенок основен конец, плетеници-Али Ахмети, потешки олова и сл.). Не значи воопшто дека не треба. Напротив. Но да не биде единствената варијанта.
НАЈВАЖНА РАБОТА, по мене, е да се обезбедат сознанија и информации за стварната состојба, од тазе натпревари, со кои мамци и тактики, со кои техники, на кои делови (сектори) како работело, па и поединечни позиции, каде давало, како, колку и сл. Најважно е во овој период како успешно се лови таму. Како???
Да се искористи секој можен извор како од други Форуми, извештаи од натпревари за таму, водостои, да се контактира со познатите пријатели-крапџии кои се дел од оваа приказна на оваа стаза и сето тоа да се прифати за почеток со резерва, да се изанализира и донесе одлука за тактика. Ако приметувате, вообичаено првиот ден од натпреварот се снимаат комшиите и останатите, се доаѓа до сознание за успешен мамец, тактика и тек вториот ден се прави напредок. Тоа не води до заклучок дека овие сознанија треба да се стекнат што побрзо и да се пренесат во нашите боксови, да се проба и ако е ОК да се рашири кај сите наши екипи.
Доколку се стекнат информации за сето ова пред натпреварот, да се набават такви мамци (доколку е можно) во помала количина т.е. доволно да траат до првиот дотур, но да се остави простор за дополнителна набавка на истите.
Дај боже да ни тргне од старт и сите да се запишат во првите два часа.
Повторно, со најдобра намера, но крајната одлука си е на актерите на лице место. _________________ CARPE DIEM
|