Ќе пренесам еден коментар тука од Раде Русевски, поставен на главната страна на ribar.com.mk:
Почитувани колеги рибари,
Неколку дена по враќањето дома и при себе, како и после сумирањето на впечатоците, решив да се обратам на публиката која преку овој сајт покажа инзвонредна заинтересираност.
Јас сум Раде Русевски, учесник на натпреварот, во дуото заедно со Михајло Бојаџиев. Најпрвин, во репрезентацијата влеговме по освоено второ место на званичното државно првенство кое беше отворено за сите регистрирани ЗСР.
Со внимание ги следев сите коментари, забелешки, критики, предлози, симулации, размислувања, предлог стратегии, и се друго што членовите на форумот го обработуваа. На сите учесници на оваа дебата, во таа смисли најдлабоко им се заблагодарувам. Тие инфомации и предлози, беа сериозно разгледувани на секој состанок на тимот со кој што раководеше капитенот Предраг. Најискрено, ваквите дебати, барем на мене делуваа мотивирачки.
Ќе ја искористам приликата, да го надополнам капитенот Предраг во информациите кои беа понудени: помагачи на тимот беа и Факултетот за земјоделски нануки и храна (катедра за сточарство, оддел живинарство) со 600 јајца; Аци (Сокол)-Велес со не 20 кг, туку со 70 кг хибридна пченка; јас и колегата Мики, ги потрошивме сите свои ресурси до 0, или во превод над 60 кг “месната боила” на база на екстра квалитетно рибино брашно и многу други додатоци – високо хранлива боила (грубо цената на таа боила би била околу 400 ден по кг), која во рок од 3 дена ја изролавме. Само оној што правел во домашни услови ваква количина боила ќе го разбере напорот. Слична количина боили изролаа и другите две дуа и уште пред поаѓање потрошија многу енергија. И, точно како вели капитенот, секое дуо имаше еднаква количина од сета храна и мамци посебно. Во резерва носевме и уште 50 кг прашкаста маса со висока хранлива вредност без посебни миксови, што резултираше, како што веќе споменав, со потполно исцрпување на сопствените ресурси.
Но, сите го направивме истото, и сите се вложивме себеси во овој натпревар 100%. Бевме сложни како еден, со искусен капитен, чија наредба, после долги дискусии беше извршна. Буквлно, да стигнеше сигнал од Пеџо да ловиме на суво, тоа ќе го направевме без поговор. Организираноста, желбата за успех испреплетена со мотивите, енергијата која секој од нас ја вложи, коначно, драги мои, ме чини посебно горд, и покрај објективно слабиот пласман на тимот. Настапивме како еден, и ве уверувам достојно ја претставивме државата, борејќи се до буквално последниот свиреж. Најискрено, од дното на душава, посакувам, вака сложно, како браќа, како еден, со воку желба и позитивна енергија, да настапуваат и во иднина слични наши тимови.
Околу самиот натпревар:
Едвај дочекав да испука ракетата и да влеземе во боксот. Веднаш по давањето сигнал, отпочнавме да ја спроведуваме договорената стратегија. Најпрво требаше внимателно да сондираме, и потоа да креираме 2 хранилишта, близку за изолација на ситнот крап, и подалеку за крупниот. И веќе на првото зафрлање на спод трската со Power Pro, 3,5 lb на кој имаше само топчесто олово од 100 гр., ладен туш. На хоризонтална линија одалечена околу 100м оловото пропаѓа во длабока тиња, слободна проценка од над 1 м (нешто што ни го потврдија и капитенот на србската репрезентација и неколку судии). При извлекување спод трската од 4lb се витка од ракохват. Исто се повторува на секој метар повлекување назад, се до 55-60 м гледано од обала, каде имаме најпрво плиток талог, па чисто дно. Трошиме околу 45-50мин, за сондирање, период во кој Румунците (лево од нас) веќе имаат крапови, но маломерни. Румунскиот тим, кој го спомнав, беше како роботизирана машина. Чиниш скарани се, не зборат ништо, само синхронизирани покрети, и физичка спремност за восхит. Се бавам со боди билдинг од својата 18-та год, и од 1985 г. водам теретана. Со свои 47 год., не сум каков што бев во смисла на кониција како на 25 или 30 год., но верувајтеми на збо со 4 редовни неделни тренинзи во траење од 1,5 до 2 часа, не сум ни за фрлање. Но она што го видов кај Румунскиот тим едноставно ме остави без зборови, иако, успеав да го издржам нивното темпо.
Румунците отпочнаа така што двајцата такмичари исфрлаа со фасцинантна прецизност крупни боили чинам дури 30-ки половина час на 100-110 м, а ловеја со 20-ки или дури 16, чудни црвени боили, кои потсеќаа на јагода. Десно од нас тимот на Литванија, екипа која била неколку пати на езерото, и која исто така крми воглавном на 100м со спод бомби во кои е боила, и интересно, на 50-60 м кобрира спот со релативно крупна боила. Веднаш во првиот час се виде целата конспиративност на Румунскиот тим и ако сакате на богатиот организатор, како и екипите кои ќе се фаворити (Бугарија 3-4 учества на купови, Србија 3-4 учества и темелно сондирање на секоја позиција во секој сектор!!!!!, се разбира Јужна Африка, Португалија и др. тимови со богати спонзори кои веќе знаеа се за езерото бидејќи повеќе пати биле). А што тоа требаше да се знае:
1. Постои богат газда организатор на СП кој сака само злато и ништо друго! Ова го тврдам зато што во неделата сабајле, кога успеавме да ги закочиме и Румунците и Литванците, тој дојде позади Румунскиот тим, седна на столче и незбореше ништо, а двајцата натпреварувачи, најпрво (буквално), му се поклонија и вклучија невидено турбо, бидејќи од нивниот пласман зависеше дали Румунија ќе освои злато.
2. Цели 4 месеци, организирани биле на неделна основа, натпревари од 30-тина Румунски тимови или купови, и очигледно рибата била навикнувана на истата црвена боила. Кој знае колку тони таква боила била употребена за да се привикне уфрлениот рибнички крап, кој патем е навикнат некој да го храни. На основа на што ова го тврдам, најпрво поради присуство во боксот на романците при званичното мерење, гледав гајбички само со црвена боила и ништо друго!!!!, и затоа што тоа го потврдии капитенот од Србија.
3. Непосредно пред СП езерото било порибено со ситен крап, кој е употребен за екипите кои не го познаваат езерото (како нашите), и кои ќе користат разновидна и поситна храна, да ги исфрли од игра и да ги позиционира како аутсајдери.
4. Информациите или дезинформациите, за текстурата и структурата на дното: на званичните интернет страници, нигде не се спомнува 1 м тиња
5. И коначно, водотопливи, и колку што можев да видам, диспергирачки црвени – цврсти со арома на јагода, и жолти со помека текстура на база на мед боили, со можен дополнителен флуоресцентен ефект, кои навистина не ми се јасни како во состав така и во изработка, боили чија функција е очигледна за ловење во тиња. Тие треба да остават како хемиски така, веројатно, и светлосен траг при пропаѓање на боилата во тиња, што ќе се сложите е високо селективна техника.
Се заедно, според мене, мислено е темелно, мислено е во детали, конспиративно, се со цел да се створат екстремно фаворизирачки услови за домашниот тим, што е разбирливо, но навистина незнам колку е спортски. Коначно која е финтата со пари и очигледно многу наука, да си купиш златна медаља. Ова е метод кој беше претходно инсталиран во Јужна Африка, и од етичка гледна точка е, најблаго речено е не фер, со карактер на параноична посесивност. Од таму и коментарот на Францускиот тренер, кој очигледно сето ова го гледа со исти очи како и јас.
Искрено се надевам, дека ова нема да биде пракса, зошто убеден сум дека ќе има репелентен ефект, особено врз малите и посиромашни земји како нашата, кои едноставно тоа неможат финансиски да го пратат. Ако ова продолжи, наместо поголема бројност, очекувам атрофија и се почеста апстиненција на државните тимови, со исклучок на првенства, каде вакви сценарија би биле тешко остварливи.
Иако, сето ова ми беше јасно уште во четврток попладне, верувајтеми на зборот, човечки е да ве фати паника, особено кога сте повториле се што сте се договориле и се што знаете, по 100 пати а без успех. Фрлавме и на првото и на второто хранилиште, со сите комбинации на мамци. Префрлавме на 15 мин. Прихранувавм на 45мин до 1 ч, а на секој 3 ч фрлавме “бомби”. До петок до пладне бележевме 0, тешка како олово. Со Мики разговаравме постојано, гласно размислувавме, се преслушувавме, дали правиме се што сме се договориле и што знаеме. Коначно, под силниот притисок кој го чувствуваме, предложив, промена во начинот на прихрана. Долгите подвези со попап боила на 100-110м не дадоа никаков ефект. Тоа е рибнички крап, кој бил во кафези, и таму бил хранет така што со лопатка му фрлале пелети. Одлучуваме, ќе крмиме обилно на 60 м на чисто и со плитка тиња, но ќе кобрираме високо за да симулираме дожд, т.е. ќе го превземаме со звук. Некако истовремено Абедин ни носи по 300г црвени и 300 г жолти боили, и ноќта во петок, проработуваме. Најпрвин 30-40 крапчина од 1,45кг 1,30 и сл, чисто за да си пукнеш, за да потоа на жолтата топива боила добиеме 2 амура од околу 2 кг. Следат неколку мерливи крапови и сабота сабајле сме околу 14кг. Од околните тимови сме на игнор. Публиката дури и со потсмев гледа на нашите топки исфрлени со катапултот на Нико, и особена на дождот од боили фрлени блиску. Трпиме и пририсок од судиите. Ни ги гледаат топките, правецот на конците, и само нешто протестираат. Сакаат да стоиме и да не правиме ништо, како румунскиот тим не би бил засметан во напредокот. Но не не знаат мене и Мики. Капитулација, не потпишуваме ни по цена на живот. Ја тераме нашата тактика, и сабота навешер, нема да ја заборавам долго време. Почнуваат да следат удар за удар, крап во просек од 3 килограми. Мериме 4, па 5, па 7 па 8 риби. Румунците ноќта сабота према недела, потполно стојат. Имаат за промена само една или две риби во сак, а литванците, коначно спијат, бидејќи немањето удари и уморот го чинат своето. Со несносна болка во подлактиците, рамењата, долниот дел од грбот, нешто што до сега не ми се има случено, менувам мајци цела ноќ, Мики ме прати и инкасираме околу 70-тина кг. Во желбата за успех, правиме и грешки, губиме повеќе од 10 риби кои се над 3 кг. Но не се предаваме. Во меѓувреме во 6 ч сабајле пристига и биг бос зад румунскиот тим , седи без зборови, но страшниот притисок врз момците го чуствуваме и ние. До 9 беме во кондиција. После 9 се будат Литванците, и исфрлаат голема количина боили со спод бомба на 100м. Тоа го чинат и Румунците и ние сме закочени, дополнително и со очигледната траекторија на рибата која од тој период се повлекуваше подалеку.
На крајот само 16 во сектор, пред Англиј, Шпанија, Босна и Казакстан. Малку, недоволно, слабо, во потполност се согласувам, но со срце и душа и со тон енергија!!!!. Камо да проработевме ден порано, или камо да имавме уште една ноќ. Но ова е уште едно големо школо, во хобите во кое сум од своите 5 год, и со кое ќе си одам.
Поздрав и Бистро на сите.
Раде Русевски
Zanimliv osvrt na prvenstvoto
Ocigledno se uste nikomu ne mu e jasno sto se sluci na Korba
Vidi kolega i metar podvez da si staval i balon mesto pop-up boila pak posleden ce bese ! Pa kako ne vi e jasno sto napravija Rumunite ?? TIE nivni topivi boili , vo sebe nemaat ni MILIGRAM tecnost , suvi se kako barut , lesni se i NE PROPAJGAAT vo TINJATA ili sosema malku.Ne mislite valjda deka krapovite kaj niv so lopati kopaa vo metar ili pola metar tinja ??PLUS se raspajgaat relativno brzo .. Za se sto podvlekov i pocrtav ima prikazna i toa ubava , ama msilam deka sekoj sam ce ja procita niz podvlecenoto . Svaka vi cest na trudot , ste se zalozile maksimalno , ali dzaba se..ne se meri kolku pati si mavnal so cekanot nego dali si go skrsil kamenot ..Pozz od eden prost ribolovec ..koj lovi dva krapa godisno . . .
I da, ce zaboravev .. . neka nekoj prosurka niz ovie moi 3000 i nesto gluposti , odamna Keltan pisuvase nekade za topivi boili i kolku se efikasni , daleku pred ova RUMUNSKO finale
VISOKA SELEKTIVNA TEHNIKA
ajde ti se molam . .. . .
A ovaj kolega sto go narekuvas Kapiten . . .i trebalo da ti bide kapiten i da ti kaze sto da pravis , posto ocigledno deka ne ste znaele sto i kako pravite i ste ja utnale kako i mnogu drugi timovi potpolno . ...
Procitaj barem sega KOLKU ubav post Vi napisal . .. samo sto znae KAPITEN
...Dali za uspeht e presudno TOA sto frlile toni takva boila ili mozebi nezinoto turbo raspajganje vo voda...
Na koji od ucesnicite im pasuva sitna riba ?
На домакините , имат производство на добра и релативно ефтина прихрана како и боили
Велат дека голем ефект имаат боилите кои брзо се распагаат
Ке видиме наскоро
Еден мој пост во темата Корбу !
Rade Rusevski НапишиCOLON |
Pozdrav Kapiten