Прв викенд во Септември, а Вардар, барем ДемирКапија сеуште не е најсолиден.
Водата е како минатата го дина на крај на Јули - почеток на Август. Дури и поголема.
Во четвртокот, околу 18.00 кога стигнав на место, водостојот за одприлика 1педа
поголем од нормално. До 5 наутро ист но почна да качува. Не многу. Десетина сантиметри.
Во петок по пладне повторно падна. Дваесетина сантиметри под нивото од четврток и
таков беше до вчера до околу 17 часот. Малце но полека качи и ноќеска пак си падна
водата.
Водата не варира премногу и често но знае да ја помери рибата од место кај ловиш.
На мојата локација (кај одам најчесто) во моментот нема трева и автоматски рибата е
симната некои 100-тина метри подоле.
Рибата е активна но има еден друг проблем со водата. Од разговор со чуварот добив
информација дека моментално се чисти каптажата за вода во Дуброво за ТЕЦ Неготино.
Поради ова водата знае да биде подзаматена, што и не е некој поголем проблем,
но водата знае да носи ѓубре.
kaj shto lovi Bobi stalno sega avtomatski ribata bila 100m podole a on izvadil som od 7+ kgr pa sea vie videte dali ima ili nema riba tamu