Целта ја постигнавме сите заедно и се одржа веќе подзаборавениот Државен Крапски Куп. Она што ме радува е што почнавме да се однесуваме како и комшиите и да се дружиме на овие купови. Значи во релаксирана атмосвера без нервози, без замерки, со можност да се види и проба опрема, да се разменат разни искуства и мислења па како што кажа Јане да им биде криво на оние кој не беа таму
Тасим сака да си набави орши и еве имаше можност да види НО и да проба некој од нив па да одлучи што ќе си набави.
Она што беше интересно беше дека после мерењето на првите амури никој не веруваше па ни самиот Ицо кога слушна сабајлето. Ниту претседателот на Мрена Крушево или пак многубројните мештански риболовци дека некој до сега извадил амур овде. Понатаму имавме посета на кума лиска во бокс во четири наврати каде што успеа да ни земе една кеса со боили и при бркањето да ни ги разнесе насекаде по што моравме да ги собираме. Се јадеше заедно се пиеа кафиња се смеевме и шалевме буквално се дружевме во секоја смисла.
Едноставно би сакал да има што повеќе вакви дружби на вода и со ваква позитивна атмосвера.