Празник, понеделнички неработен ден.
Цела претходна недела се мислев каде на риболов.
И таман се решив, невестава имала друг план.
Мора да се оди фамилиарно за Струга и Вевчани.
Сепак меракот не ми даваше мира уште од Скопје си реков ако имам некој саат време ке тркнам до Шум.
Ја спакував најлесната можна спрема Daiwa-ta Infinity Q - 2,10 m. 3-15 gr. со Shimano Stradic 1000 FC и плетеница о,06 мм ( опрема која ми е спремна за Треска ).
Во Струга брзинско завршување на обврските и му се јавувам на Емил за на кафе.
Пиеме кафе и му велам ајде на Шум.
Очекувам одговор и некоја информација а он вели, незнам, никогаш не сум бил тамо.
Веднаш се договоривме да одиме на два саати да пофрламе.
Лесно се наоѓа, но концесионерот како да си го чува само за себе ( така и треба бидејки ова езерце е стварно бисер ).
чиста бистра вода со многу трева.
а низ тревите шетаат пастрмчиња
Јас додека сликав и се воодушевував Емил веќе почна да се радува на првата пастрмка
И кај мене веднаш удри.
и потоа си продолжија така како на филмска лента ......
Броев до дваесет, потоа престанав да бројам
Удираа на спинерциња, кашичиња и на понекој воблер. Мислам дека овој спинер ми даде најмногу.
На крај еве ме и мене среќен и задоволен.
Прекрасно поминати неколку саати на вода полна со пастрмки и направен голем мерак.
Би ја препорачал секому кој сака да си помине убаво а посебно на мушичарите. За нив е ова езеро измислено, може да се фрла убаво а бидејки има трева на полно места, идеален мамец е мушицата.
Сите риби кој денес беа фатени се вратени назад.