Вчера со семејството го посетив ..Мантово .. ја посетив и ова наша вода, гледам дека на Форумов нема отворено тема за ова акумулација па си помислив да ја преставам со некоја фотографија и некоја информација за водата .
Секако дека за многумина од нас е позната меѓутоа има и членови што не биле токму на овој риболовен терен.
За мене секако дека е прекрасна за посетување и сигурно се вади по некоја риба .
Незнам можеби не е толку атрактивна за некој од рибарите ама е интересна не само заради рибата туку и за природата што го опкружува оваа езерце, и токму затоа кој ке го посети на неколку дена ке има прилика да ја види и оваа наша убавина.
Од рибниот фонд од мое искуство кажувам дека располага со повеке видови на риба
СОМ-- кој го има во најголем број, а се слуша и за капитални сомови над 120 кг.
КРАП--КЛЕН--КОСТРЕЖ--КАРАШ --и секако ситна риба.
Еве некои од местата.
Нешто од уловот иако се нешто поголемо од дланка, ама сепак мерак си е мерак.
Во заливите има одлични места за рибарење.
Познатата ..ЧУКА..
Во една од репортажите ја опишав природата и околните шуми, па кој е љубител за шетање овој период од годината ке се сретне и со ((ВРГАЊОТ))најслатката печурка.
Моето преставување ке го завршам со преубавиот залез на сонцето над оваа акумулација .
Би ве замолил и вас да дадете некоја информација за оваа вода и природата околу неа.
И секако ви пожелувам ..БИСТРО..