Конечно најдов малку слободно време да пишам и јас збор,два за нашето гостување во Зрењанин...
Најнапред да знаете дека сето ова што го пишувам е извлечено од моите размислувања и сето ова е поткрепено со разговори,укажувања и советувања со најголемите познавачи на ова езеро,а богами кај нас во бокс поминаа сите.
Ако добро го читате текстов ќе извлечете многу интересни и поучни информации кои се надевам еден ден на некој од вас ќе му помогнат многу....
Но ајде со ред....оти гледам имате пишувано се и сешто..
На ова езеро доколку не ловиш на ЗИГ,немаш никакви шанси да влезеш меѓу првите места.....а еве и објаснување зошто..........
Езерото е забрането за спортски и за било каков риболов....... се одржуваат само такмичења и тоа по едно месечно или во два месеца еднаш....а храна никој никогаш ниту фрла ниту смее да фрли..ова посебно ни го потенцираше пријателот од Крушевац.... подоцна ни објасни зошто е тоа така (поради законите во Србија) но тоа за вас не е битно...важен е моментот што
рибата е мртва гладна..
Самата борба за опстанок го тера крапот да се приспособи да јаде само од површина,бубачки,комарци,пајаци,мали риби и слично...затоа што на дното..нема апсолутно никаква храна,мртва природа,сето е тиња и песок (исто така кажано од познавачи на водата)....Дури имаше и коментар дека доколку би ловел на мушица,би ги здробил краповите
Сакам да кажам....идеално езеро за ЗИГ
ПОбедничкиот тим на Хрватска (и Србите секако )го знаеше ова и само што почна натпреварот тие веќе фрлиа ЗИГ и верувале или не после 5 минути извадија две риби..
,ниту крмено ниту маркирано....фрлиа на околу 120-130 метри,абе како вчера да фаќеле на езерото...додека ние фрламе ракети,кобри,маркираме...Хрватите извадија 100 кг риба
Те фаќа нервоза,до тебе вадат мнооогу риба а кај тебе не пипа...гледаме што прават и неможеме да веруваме,подвез 4,5-5 метри
И само да знаете,хрватите првата вечер не ни ловеа...спиева и чекаа да се раздени и пак одново...тепаааајјјј
Фрламе храна и кој како дојде советуваат.....САМО РИГ ПРВИХ 24 САТИ...и навистина...додека рибата свати дека има храна и по дното отидоа 24 часа,а за тоа време РИГАШИТЕ веќе имаат 200 и кусур кила..е ај оди сега стигни ги ?
Колегите од другата страна (кои беа 2-ри) направија одлична стратегија и од 6-7 место отидоа на второ...првиот ден ловеа строго РИГ,но крмеа и место за вториот ден кога рибата ќе легне на дното...вториот ден дење ловеа 2 трски риг,две на дно,меѓутоа ноќе со сите 4 трски ловеа на дно и богами убаво поминуваа..а последниот ден веќе рибата работеше како луда на дно...како што напиша Предраг,сите трски свират и немаш време да ставиш друга боила..
Друг важен момент врзан со пишаното погоре....рибата е ГЛАДНА,сака многу храна и кога има храна ништо не ја плаши и не бега,ни ракети ни спомбови...камења да фрлаш ќе биде тука...и на корка леб да фрлиш ќе ти удри...
За тие што ловеа по дно најважно беше позицијата и длабочината и секако колку побрзо ќе успееш да ја симнеш рибата доле...нас ни падна позиција каде длабочината била 16 метри,а сега беше 10 (замислете другите 6 метра се претвориле во тиња)ќе зафрлиш со маркерот и неможеш оловото да го извадиш од тињата,баравме и баравме место (а колегите до нас вадеа и вадеа) и кога веќе направивме ново хранилиште каде беше поплитко и песокливо и успеавме некако да ја симнеме рибата...ни потенцираа дека на нашето место се задржуваат мнооогу големи риби и навистина беше така имавме откачувања на риби кои неможеше ни да се додржат,најголемата наша извадена риба беше 13,5 кг.
Е сега уште едно нешто важно... Хрватите и Србите до нас ловеа со нестандардни јадици за риг,обично нели треба помало јадиче..ама овие користеа гооолеми јадици...предвезите за риг им беа спремени во сите димензии..почнувајќи од 0,5 м па се до 7 метри...‘ 7 метри РИГ
а парадоксот да биде уште поголем,се натпреваруваме во лов на крап
НА ДНО...циркуси
ееее тука ми текна и на една изјава на босанската екипа која ја дадоа за Новосадската телевизија...а гласеше овака... Јебо га зиг потрошили смо 500 евра за боиле,а сад треба да пецамо на комадич папуче...
Инаку езерото,дружењето и сето она што го видовме и научивме е одлично искуство,домаќините беа крајно коректни и нема некој од крапскиот крем во Србија кој не дојде на посета во бох...и сето она што го кажаа навистина беше така,дури и судиите,организаторот и соседните екипи ни делеа совети (Големо благодарам до екипата на карп рејсинг од Србија кои несебично споделија со мене мноооогу информации посебно околу ЗИГОТ)
И за крај ОПРЕМАТА....ни најмалце неможе да им парираме во опремата која ја имаат...за компарација една трска со машинка на колегите до нас....чинеше колку целата моја опрема
И кој и да каже дека на езерово работело ваква боила,онаква боила ќе излаже....рибата јаде НА СВЕ само да се симне по храната и да фрлаш мнооогу количина на храна,оти колку има риби во езерото нема толку вода...