www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Дек 03, 2024 9:00 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS910111213ELLIPSIS15»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 01, 2013 8:45 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ubavo e da se sedne eden den site zaedno.
Da se napravi ubav muabet I da se porazgovara malku I za Portugalija.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 01, 2013 8:48 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ovaa nedela brate..skopje sme..

3 jadici spremaj 3/o ;) ;) po tvoj izbor

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 01, 2013 8:53 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONВто Дек 18, 2012 11:45 pm
МислењаCOLON61
Uste ednas cestitki do dvete ekipi koi dadoa se od sebe da se postigne rezultat :bravo:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 01, 2013 9:05 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Maр 26, 2011 4:03 pm
МислењаCOLON850
ЛокацијаCOLONbitola
Cestitki do Predrag za maski izdrzanata borba do kraj........i cestitki za :volku_golema: riba na natprevaruvanjeto :bravo:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 11:41 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Поздрав колеги Риболовци и љубители на овој спорт.
Напорно до коска, многу многу риба, бара постојано и континуирано хранење, за жал ние неможевме да имаме две хранилишта блиско и далечно туку само далечно, хранење од 90-110 метри а рибата ја добивавме и на 100 метри и на 120м, доста откачени риби пред кеп а уште повеќе откашување и кинење уште кога ќе земе.
При влечењето на позициите кога ги извлековме овие ние 17-ка и Бадар 3-ка - ние најплитката која е топ во пролет а Бадар најдлабоката 11м :crazy: ни рекоа домаќините никогаш не се знае може да даде риба само далеку. Војкан домаќинот кој Јане го предвидуваше за победник и стварно човекот се спремал со Цоја цела години за да го земат пехарот не успеаа-добро им тргна но поради соседот уште една домашна екипа си ја превземаа рибата па си направија проблем.
Хм зиг ригот иако бевме подготвени со СЕ и поп-уп и сподмикс и супи (благодарение на нашиот пријател Васил од Софија кој ја нарача и ни ја испорача од СБС-баитс)така и со апенд даун од Солар, Наш баитс пловечки пелети со прашкаста која прави облак набавени од Италија немавме среќе или пак несреќа да извлечеме позиција каде ќе имаме длабочина и да ловиме на Зиг. Зигот има страшен ефект НО кога се во прашање ситни крапови 2-3кг, а овде каде што просек е 5-6кг е со огромен број на откачени и скинатаи зигови. Ние пробавме и имавме неколку неуспешно извадени риби со зиг и затоа се откажавме вториот ден (за жал еден изгубен ден).
Ајде сега вака ние немавме комшии, од десна страна слободна 18-ка од лево слободна 16-ка а на 15-ка екипа која не ловеше на Зиг. Така немаше кој да ни го дигне крапот горе и да незема дење на дно :filip:
Голема помош имавме од сите како од домаќините Жељко Сирар , Бојан Бојанич, Војкан и Дејан кој ни ја опишаа целата позиција и каде што работи, така бевме бодрени и од дома со СМС пораки (извинете сите Вие на кој не успеав да одговорам стварно немав време) само со Јане се слушав и само тој знае колку пати ќе му прекинев заради хранење или вадење на риба. Помошта ја дадоа како и секогаш Јане кој ни даде сакови и ПВА смоки, Милчо со Спод род и ситен прибор, Пепи со прибор и сите други кој се понудија за помош.
Од опремата која ја имав носев само еден спом ракета со нас (другите две си ги заборавив дома) и како што се случува се скина и отиде едниот спом со кој можевме да храниме со ситните боили. Благодарение на Бојан Бојанич отиде во продавница кај него и по Сирко ми прати две спом ракети и веќе нередниот ден бевме топ. Хранење со ракета и топки беше дозволено по ФИПС од 09 -17 часот така да обилното хранење беше до 5 саат а потоа само кобра. Кога сме кај кобрата Јане од Цујо имал порачано една копра за него која чини 55 евра :crazy: и кога ми ја даде Цуја ја видов и коментарот беше ( за ова 55 евра???) кога пробав да фрлам слабо хм толку пари а не е ништо нарочно, НО потоа кога морав да запнам и те како се храни со 18-ка боила и до 130-140метри ама машки.
Што друго да кажам секоја чест на ортакот побре -Аце кој беше со мене но да отидевме како првично со Јоцо на се исто иако немаша да ловиме на зиг сигурен сум дека ќе успеевме да дојдеме до трето место но што е тукае. После првиот ден и избеганите со количина на риби на првите екипи реков тука само со запниување и неспиење и машка работа може да земеме пехат за најголема риба (за кој пехар го најави Пепи) и да успееме да влеземе во средина, затоа што еден ден покасно од другите и те како значи.
Сепак сликани и снимани бевме од сите и ТВ куќи и списанија на кој бокс број 17 гордо се вееа закачени едно до друго знамињата на РИБАР 2011 и на МАКЕДОНИЈА.
Среќата не пратеше и заради тоа што 52 саати не сменивме маица (дрес) зелени маици на Рибар 2011 (стоп за рибократците).
Пехарот е многу вреден како за нас така и за нашето Риболовно Друштво Рибар 2011 па од денеска ќе ги краси просториите на друштвото.
Рибар 2011 застана позади нашата екипа во целост како финансиски така и во секој поглед огромена благодарност :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: па и мотивот да се успее покрај овие екипи на овој Балкански куп беше поголем. На купот сите екипи беа имиња позади кој стојат по неколку светски првенства и со добар дел се знаеме. Екипата на Блед минатата година ловеше во сектор А на светско во Румунија, екипата на Србија Бобан ловеше на светско во Франција (Ицо се сечава кога се напија и само тие беа со својот џип) Хрватските репрезентативци ....сите фрлачи, со профи опрема со големо искуство и неуморни во секој поглед.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 11:52 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Убаво доловено колега :bravo: честитки за учеството и за успехот :~~ :~~ :~~

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 11:59 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Браво и на двете екипи од Македонија , за Предраг што да се каже , честитки за одличниот резултат што го остварија !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 12:42 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Ајде и некој инфо за количини на храна и прихрана.
Од 30кг. боили потрошени 27кг. една кофа спод микс, еда кофа пелети, прашкаста храна, шекерац, неколку котури ПВА мрежа, шок лидер еден куп јадици......
Од опрема само 3,9м и 3,5либри трски носевме 6 (3 провес Апсолум и 3 трски -оние од Пепи) басиите (уф само кога ќе ми текне на толку префрлања да се прави со шимано ББЦ), 3- спода, и маркери.
Да ви доловам една ситуација од вчера сабајле
Позади нас стои Деки и не прашува како иде и што и каде има, во вода се фрлени 4 трски а две седат спремни надвор и имам удар на првата трска и почнувам да вадам и се гледа убава и крупна риба го витка Апсолумот после неколку секунди удар на четвртата трска и побре ја зема и само го чека да излезе од спрудот. Почнуваме да влечеме и ете удар на третата трска до побре, таман да ја фатаи и Деки му вика само је затегни на оршата и оставија. Така вадиме две риби а една полека си зима и тогаш почнува да титка и втората а воедно и последна трска во вода, овој не зима само ја затега. Јас успешно го црпам сам шарко од 9-10кг. и го вадам од вода кога и побре го црпе второит заедно на душек. Побре ги откачува и става во чуварка а јас веќе го вадам третиот крап и побре го зема и четвртиот. Одма двете спремни трски ги зафрлам во вода и се спремам да монтирам нови мамци на другите кога Деки ми вика па шта радиш бацај храну. Фрламе со кобра и пак ран на една трска ја земам и одма и на другата. тоа беа шест риби сите извадени и одлична килажа. Домаќините имаа кади високи и чим ја црпне со кепот ја става во кадат па продолжува да лови а отпосле ги вади во чуварка и не губат време.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 12:48 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Убав осврт.. и убаво изкажано.. јас само да кажам дека си изработивте како што треба..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 02, 2013 12:51 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
:bravo: :bravo:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS910111213ELLIPSIS15»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 29 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum