Едно врапче ни шепна дека работи бојникот на Вардар,а тоа е голем предизвик за секој риболовец кој лови на тапа
И нема друго спремање и патот под нозе,а батериите празни на нула па затоа одиме со спиење
Бевме овојпат јас,Трајче и таткому чичко Цобе,кој беше најсреќен на свет бидејќи конечно го земавме на риба по толку молење,ама пусти бојник најќе и нејќе кај мајстор Цобе, ама затоа со кепчето имаше полни раце работа.Овој пат со нас не беше Миланезе бидејки мораше да е на работа
Пристигнување уште во рани зори,местото топ, за бојник измислено ,а тој рипа ли рипа, за мерак
Веднаш се фативме за работа
Ловевме со 6 ки трски,тапи 2 грама,на леб, со стар леб и крмевме,конец 12ка без подвез директива.Длебочината беше околу 1,40м,водата релативно брза и сабајлето паѓаше а поручек се качуваше,не многу но доволно за постојани корекции на длабочината бидејќи бојникот е голем инает, ако не е по негово тој како што сака, нема удар
Сабајлето добро тргна
Како што затоплуваше така и ударите беа се поретки,но затоа и ние не губевме време
Поручек,се фативме одново за работа
Вечерта одморивме добро и уште рано рано се фативме за работа
Бојникот работеше,и тоа се парамани и оди сликај или снимај да те видам
Фативме добри парчиња,најголемиот 1,1кг го фати мајстор Трајче,имаше и неколку околу кило
На крајот си се собравме во буквална смисла на зборот како што треба да правиме сите
Ѓубрето си го вративме назад дома од каде што и го донесовме
Се на се одлично поминавме,батерии полни како што вели Полиз,ама до кога
Не фативме многу ама имаше грубо 15-16 кила
Епа другарчиња рибарчиња тоа беше тоа,сезоната онаа вистинската очигледно почна,ако задржи водостојот ваков како што е ке биде добро,бојник врие, ако погодите добрo место и добар водстој нема утка,се разбира и ако знаете како со бојникот
До следниот риболов БИСТРО
Браво Кире,супер помин со еко содржини.И јас деновиве сум активен на еден ревир на Вардар и доста добро поминувам.
Поздрав до тебе и бистро
П.с......а местово каде е?
_________________ HORTIKULTURNO UREDUVANJE NA DVORNI POVRSINI
dzeko te nema,te nema na forum od ednas se oklucuvas i mesto baras,opasen si ti
inaku bravo za majstorite
aj aki ako moze neka fati tolku bojnik
Тука сум јас млади,него се разочарав од тоа што ниту барем еден не тргна по моите стапки(да покаже јавно,место на добар улов).Затоа си молчам и сеир од страна си гледам....
_________________ HORTIKULTURNO UREDUVANJE NA DVORNI POVRSINI
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 19 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум