Она што било започнато денес веќе го туркаат многу луѓе, веќе зборам и за сајтот и за форумот и за РИБАР 2011 и за сите други здруженија и рибари поединци кои се тука присутни. Сакам да упатам апел сите да се вложат себеси за активен придонес кон добрите риболовни цели кои ги застапувате.
Платформата е изградена, комуникацијата е присутна,можеме да зборуваме, можеме да комуницираме, можеби нема секогаш да се сложиме но тоа е нормално, битно е главните цели да бидат исти и сите активно да помагаат....
...а во Мак.риболов има многуууу цели.....македонскиот риболов мислам дека стагнира и не е далеку од она што беше пред 5 год....можеби некои работи се помрднати, но сеуште е лошо.......можеби има концесионери ОК подобро него да ги нема,.....можеби продавачите на мрежи и рибокрадци малку се раздрмани ОК, но има уште многу што да се направи на ова поле......водите дека ни се побогати со риба ...не би рекол,...треба да се работи уште многу,треба да се збираат пари и постојано да се порибува, секој да порибува......дека имаме некоја екстра вода во Р.М (убава природа, богата со риба, дива, а сепак чувана како тврдина) НЕМА,....секаде по нешто мањка,....концесионерите дека се сјајни....далеку се од сјајни....треба да се помагаат, треба и да се критикуваат,....институциите поврзани со риболовот дека се сјајни....далеку се од сјајни....треба да се помагаат, треба и да се критикуваат....здруженијата секое приказна само за себе....некои подобри, некои полоши....
Влијание на риболовците во општеството, мислам дека е лошо, далеку помали општествени групички и спортски гранки знаат да дигнат галама, да се претстават и да се изборат за она за што се застапуваат, и тука секој кој само знае да констатира дека работите не чинат, а притоа самиот не дава никаква подршка (во некое здружение, иницијативи, акции) за да се сменат, нека размисли....само со констатации не се помага ...тука ви запрел...
Она што е добро е што има иницијатива, има критична маса, има ентузијасти, имаме место каде да дебатираме и каде да иницираме некои нешта...
Убаво кажа Боби Брада, дај боже сите да славиме 50 годишнина од сајтот и форумот