Направив неколку нови нимфи (нови за мене).
Првите се претежно розеви, а вторите се варијанта на "march brown". Ќе ги пробам во прва прилика (на Треска
) и ако се покажат успешни, ќе направам повеќе за “отвор“ на сезона
Розе нимфа
Јадица: #12 Мустад
Основен конец: црн 8/0
Отежнување: тунгстен 2,8 мм и 7-8 намотки оловна жица 0,4 мм
“Крила“ и опаш: еребица
Тело: микс од розев дабинг со сив hare's дабинг и fine spectra flash дабинг. На горниот дел по должина на телото има тенка лента на розе кристал флеш
Ребра: златна жица
Торакс: микс од hare's дабинг и fine spectra flash дабинг, на горниот дел флеш
March brown
Јадица: #12 Мустад
Основен конец: кафеав 6/0
Отежнување: тунгстен 2 мм и 7-8 намотки оловна жица 0,4 мм
“Крила“ и опаш: кафеава еребица
Тело: микс од црвен и march brown дабинг со fine spectra flash дабинг и малку кафено-сивкаст дабинг од зајак.
Ребра: бакарна жица
Торакс: исто како телото, на горниот дел тенка лента полицелон, лакирана