Јас ќе зборам од моја гледна точка
1. За да имавме три сектори требаше да имаме 15 или 18 екипи за да нема слободни позиции кои ќе беа автоматски фаворити,
2. За да имавме три сектори требаше да помине една ваква лига и плус уште неколку натпревари да се дојде до некаков заклучак за позициите,
3. За да имавме три сектори требше да се исчешла езерото со сонари и да се изработи подводна мапа со длабочини како повторно би имале различни сектори,
4. За да имавме четири кола по две од секоја страна повторно некој можеше да извлече по два пати да лови на крајна позиција, а и требаше уште еден викенд слободен од работа.
И пак ќе кажам дека нема лоша позиција (од моја гледна точка) можеби некој пребрзо ќе се одкажеше, или пак ќе почнеше со паника и нервоза па немаше да се изработи до крај како што треба. Колку ситуации имавме на некои позиции да нема и по 24 саати ни тит и потоа два-три удари и толку,е сега дали ќе се реализираат и дали ќе се работи смирено повторно кај сите нас е различно.
И еве еден пример познатата 16-ка на која Дуле ловеше на тренингот ние во две кола и Јане во едно, почнавме со едвај фатено едно крапче во првото коло но само еден откачен крап за да Јане и Оливер извадат максимално седмо место на истата позиција и добри риби извагани а многу откчени и на крај ние во третото коло да извадиме најголема килаже, најдобар пласман од пето место во тоа коло и страшно МНОГУ откачени огромни крапови, пропратени со неколку кинења
Колку умен коментар.