Мислам дека најдоброто нешто што би можело да постои е –ДОГОВОРОТ-со другарите за одење по риба , и секако времето поминато заедно,во овој случај од петок попладне до недела попладне.
Да почнеме со ред и да дозволиме да си течат работите како што беа.
Ново изгрејсонце над нашите риболовни терени,овој пат над нашиот национален парк..ЈАСЕН..
Која убавина,која панорама, и кои диви предели како воопшто да не е допрена природата на тој дел ,човек понекогаш треба да застане за миг и да ги доживее тие мигови ,да ужива во самата природа и во гледката што ја пружа нашиот национален парк.
Таа акумулација –Козјак- знае да биде непредвидлива за уловот на риба, понекогаш може да го завршиш риболовот без некој позначителен улов на риба а некогаш може да ни се посреќи денот и со повеќе прекрасни примероци.
Токму тоа се случи денеска, и ако вака го завршиш денот тогаш може да се кеже дека нашата заедничка риболовна –МИСИЈА- е успешно завршена.
Секој од нас рибарите би посакал да појде на ..ДИВА..вода, како што знаеме ние да се изразиме, и секој од нас би посакал да има удар од добра риба во овој случај Крап (дивјак)кој со неговата борбеност знае да направи таков мерак на душата што понекогаш сите зборови се излишни а пред се тоа треба да се доживее.
За мераклиите на ова хоби денот започнува ..ВАКА.. и со вакво изгрјсонце .
Ова е веке панорамата над ЈАСЕН и прекрасната глетка над планините, како целиот Национален Парк да ви е на дланка.
И некој од недопрените делови од оваа природа .
Насекаде околу нас убавина само треба некој да ја запази и со еден клик на фотоапаратот да за зачува за секогаш.
Во градот и околината тешко да се најде ваква гледка, па затоа мераклиите на природата нека ги посетат околните планини за да ја видат оваа убавина.
Поминувајки покрај целата акумулација и бирајки го местото за риболов се одлучивме за овој,чист подводен предел без гранки и препреки на кој решивме да го поминеме времето во природа.
Даце-живели прв го надгледуваше течението на водата , (ја читаше водата) местото каде требаше да бидат зафрлени нашите јадици и во мала консултација со мене решивме да биде токму ова место.
Како и вообичаено бевме подготвени за лов на нашата омилена врста на риба ..КЛЕНОТ..за кој понесовме мамец (дренка) на кој кленот во овој период од годината неможе да му одолее така да се надевавме на неколку добри примероци.
Нешто за мамецот (дренка)односно ,повекето помлади риболовци имаат проблем со местење на мамецот па затоа би го поставил клипов- можеби ова ке ви помогне- ,вака јас ја местам и немам никаков проблем со откачување на мамецот.
Видеата се со ..HD..резолуција па можете да ги погледнете со поквалитетна снимка.
Секако дека некој од нас сакаше да си пецка на тапа па затоа е понесено и друг вид на мамец на пример,за Попадика,за Караш за Крапче па што даде Господ.
Трскава што ја гледате е поклон од мојот –ТАТКО- и е - 14 та- ,сезона заедно со мене на секој риболов на Клен. И да кажам дека Даце и Горан- испланираа се од бело црвче, црно црвче ,варена пченица ,шекерци, цугови, дренки, па дури и штурчиња а скакулците и жабчињата си ги собравме на самото место на рибарење, мораше да има за секого по нешто.
Првин ја наместивме опремата за кампување,ги наместивме трските и секој со негова среќа,јас решив да ги испробам воблерите се поместив неколку метри погоре по течението и почнав да зафрлам.
Доволно од мамци ајде малку да ловиме –РИБА—затоа што тоа е најдоброто нешто што го знаеме.
Се појави и првото кленче на воблерот од колегата –Кирца-па мора да го пофалам и да му кажам дека работат одлично.
Уште еднаш ти ..БЛАГОДАРАМ ..за Воблерот –Кирца.
Беше мало па решив да го вратам назад во неговата средина за да му каже на ..ТАТКОТО.. дека го чекам.
Во меѓувреме Горан фати Пастрмче, исто така и тоа и другите помали примероци на риба се вратени во вода.
Продолжуваме со Даце-живели и неговите ,Попадики како што можете да видите ловени се на тапа- 3 гр –конец .14,ка -а од мамец користено е бело и црно црвче,имаше кај секого по неколку Попадики ама Даце едноставно си правеше мерак со ПЕЦАЊЕТО тоа можете да го видите во неговите клипови,односно сите го имавме тоа чувство на исполнетост од РИБОЛОВ.
Во кратки црти вака би го опишал пливкарењето, а и убаво се гледа на што е ловено.
Така ни изминуваше денот кој поситно кој покрупно, важно имаше за секого по нешто ---Кога –кој друг ако не бато Оки-рибар,секако мојот омилен –ЖАНР—Кленот , а тоа ми е правило ако го пуштам првото кленче обавезно по него доаѓа –TATKOTO-.. 520..mm и 2200гр.
Ловено е на клизно олово 40 гр. со полуотворен армотизер(кога би имале удар ,рибата да може слободно да го земе конецот) имаше течение на водата односно сакавме мамецот да го пласираме на ..дно ..а да не биде на –котрлање –него оловото да биде статично а од самото струење на водата мамецот да има мали движења,видете го оловото!
And now—Ladiesssss and Gentlemannnn-- we proudly present yоu the
MASTERRRRRRR of …CHUB..fishinggggggg
Okiiiiiiiii Rrriiiiibbaaarrrrrrrrrrrrrrrrr.
Тоа се тие мигови на исполнетост од риболов кога ке се најдете со КЛЕНОТ очи во очи
и кога на јадицата ке се најде некој од ...2 +....тоа чувство едноставно ти дава.. КРИЛЈА.. исто како кога ке се напиеш.... Red Bull....
Денот заврши ..задоволувачки..се собравме под нашата тенда и се знае секој треба да си ја изврши својата должност во овој случај ,Горан е задолжен за распалување на ..огинот..
Филип-куман ..е тука за да ги приготви ..салатите..а кој друг ако не нашиот
Даце –живели е задолжен околу пијалокот .
И потоа следува ..Оки-рибар со нашата омилена САЛАТА–КРЕМЕНАДЛАТА- долга е ноќта и што друго да се прави него скара, и одвреме навреме да се наслушуваат звончињата на трските,а за подобра прегледност на трската ви препорачувам на врвот да залепите ..светлечка ампула.. плус звонче..и нема промашување -за да се види ударот на правиот стап.
Да му направиме ..кеиф ..и на дедо Столе.
Даце овој пат ги сакаше отворени како( пепеПутки )... упс... извинете (пеперутки) и сигурно дека желбата мора да му се исполни тој е нашиот најстар БРАТ а сигурно дека постариот се слуша.
Од тука па натака превзема Филип за да може бато Оки да баци едно чоканче а со вакви другари можеби и две .
Наздравје вечера и секако дека некој се умори од напорниот ден, вака некако спие прав рибар на столче и во седечка положба. –спие како Јагне-.
Кој прв заспа тој прв го продолжува наредниот ден секако надевајки се прв да улови риба,иако звончињата го разбудија на неколку пати, имаше два одлични Клена ама немаше среќа да го снимам секако немаме рефлектори.
Решивме со Горан да го промениме местото и појдовме неколку стотини метри погоре по течениетоно и таму истото,Попадичиња и поситни Кленови,а еве го и местото.
Еве и некоја од тапите на која е ловена попадиката , и нешто од ..АРСЕНАЛОТ ..на Даце –живели мислам дека вака би требало да изгледа кутијата за прибор на секој –ПЛИВКАР-
Овие кленови се ловени од Горан на ..скакулец..и на пердув од Гуска или меѓу нас наречено (ПЕРЦЕ) сигурно треба на рибата да и се понудат повеке видови на мамец за да има успех во рибарењето. Ловени се на самата површина на водата на сличен начин како со ..мушица..и нормално удираа поситните ама сепак се добри.
На истово место пробавме и на жапче и имав страшен удар при кој мамецот беше распарчен а јас останав без риба.
Еве го и ..ШТУРЧО.. едноставно мора да се има секаков мамец.
Но повторно на Даце не му беше досадно и продолжи да си ги ( лупа ) попадиките како тој што знае,едноставно си правеше мерак.
уште една попадика и некое кленче a
Некаде околу доручек се разбуди и Филип,млад е има време ке научи како се ловат –КАПИТАЛНИТЕ—примероци.
Колегата ..БАЖЕ..инсистираше да види како после јадењето сето тоа ке се залие со по некоја чаша ладно –БУНАРЧЕ—а тука е и месниот нарезок што го споменуваше Даре ,но за тој муабет ке се навратам при крајот на репортажата.
И одеднаш се забодна врвот од трската во вода, овој пат му се посреќи на Даце,штета батеријата ми беше при крај па решив да го сликаме ако излезе од вода ,така да не го завршив клипот.
Дивиот Крап во ..акција.. а Даце даде се од себе за да не го изгуби .
Секако дека се измачи со (дивјакот) ама беше трпелив, крапот најде некои гранки и се заплетка меѓу нив, кога Даце веке реши да го прекине конецот излезе една скапана гранка од водата и борбата продолжи така како што викаат старите.. ПАМЕТНИОТ ПОПУШТА..во овој случај попушти дивиот и се најде во кепот на Филип.
Едноставно беше прекрасно да се вади ова парче.. РИБА.. секако дека задоволството е поголемо затоа што е на ДИВА вода.
И не застануваме тука, продолжуваме со серијата на Даце и неговите кленови...
Ова е таа убавина што треба секој од нас да си ја пружи во животот,ова се тие неколку риби што не исполнуваат со волја за да се вратиме и следниот викенд на некоја од нашите води, и секако во природа (дивина) кај дивиот.
Земајки ги во предвид неколкуте поситни клена и попадиките(што не ги сликавме) –секако дека ова за нас беше задоволувачки риболов.
Некои од ..Манекените ..кои се пријавија за позирање и со задоволство ја презентираа колекцијата на каталогот....ПРОЛЕТ ..ЛЕТО.. –риболов на Клен, а кои ке се пријават за каталогот ..ЕСЕН –ЗИМА.. ке видиме накнадно.
Секако и примероците на.. ГОРАН.. се во кадар.
И за крај некоја слика од преубавта капитална јагула...
Извини Гоки за клиповите ама следниот пат само за тебе ке понесам .РЕФЛЕКТОРИ..
Неколку поситни кленови на .. Филип –куман.. и Горан.. ама сепак се виткаа во чуварката.
И затоа што беше толку убаво уште една фотографија со ЈУНАКОТ НА ДЕНОТ Даце –живели со неговиот трофеј.
и тоа е ..СЕ НАРОДЕ.. да се вратиме во реалноста и нашето Скопје,ја поздравивме капијата на.. ЈАСЕН..патот под нозе и дома.
Враќајки се назад ги среќавате овие убавини од природа.
– Кој ке ја следи репортажата внимателно ке ги види сите системи за ловење,сите мамци се прикажани,а ке напоменам ловено е и на тапа и на длабинско на олово,на секого од вас рибарите му посакуваме добар провод на вода, местото го знаете ви останува само да појдете и да си направите мерак на душичката.
П.С .Репортажава му ја посветувам на –НАЈДРАГИОТ –колега .... ДАРЕ... со $$$$$$$$$$$ те, затоа што му ја ветив пред недела дена.
Се надевам ..ДАРЕ.. дека го исполнив..ВЕТЕНОТО..
Програмава може да ја вознемири помладата популација на рибари затоа е (( задолжителен)) надзор од-- РОДИТЕЛ –или—СТАРАТЕЛ—мала шала, а впрочем и треба да ја гледаат за да научат нешто од ..ПОСТАРИТЕ..нормално кој сака да стане Пливкар,има тука нешто ЕДУКАТИВНО.
Се надеваме дека ви ги доловивме нашите моменти проведени на вода.
_________________ Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно
Oki be "cudoviste" - sto da ti se kaze be brat..... Nema zbor za ova....
Ako nekoj ke zivee 101, ti si toj.
Respekt za tebe.... Tolku mnogu me napolni so volja i zelba za ribolovov....
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум