www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 9:02 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 12:17 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Овој викенд бев во околина на Крива Паланка па одлучив да истражувам некој предели.Покрај многуте притоки кој ги има во горниот ток јас се одлучив да одам на изворите на Крива река.
Крива река ја сочинуваат две притоки кој се сретнуваат во близина на рудникот Тораница,пред граничниот премин Деве Баир со Бугарија.Патот отприлика вака би одел.Одите према Бугарија и од десната страна ке видите табла за Тораница.Тука скршнувате од магистралата и се упатувате кон рудникот.За цело време ќе одите по асфалт.Некаде после 10 мин треба да свртите десно по еден земјен пат кој исто така не е лош за лека кола.После 7-8 мин стигате до едно место кое се вика ЦЕПЕН КАМЕН.Еве зашто:
[ img ]
Тука вртите лево и доаѓате до составот помеѓу двете реки.Погледајте ги убаво реките.Што ќе приметите?
[ img ]
Таму ќе ја најдете една од најшокантните глетки кој не се реткост во Македонија.Едната река е комплетно силувана од човекот и затоа таа притока ја крстив "made by man".Таа е искористена за исфрланје на сите отпадни материи (тука не зборам за шишиња,кеси и сл) од рудникот,околу неа е се ископано,во непослредна близина се наоѓа јаловникот на Тораница,целата е во сива боја,има два прста наслаги од јаловина,нема риби,жаби па дури ни инсекти.
Погледајте
[ img ]
ископи
[ img ]
камења расфрлани
[ img ]
Сива река
[ img ]
Алги и лиги
[ img ]
Тоа сивото на сред слика испод небото е планина од јаловина-Таложник
[ img ]
[ img ]
Превртував камења за да најдам билокаков инсект.Мртвило :head_bang:
Се вртам за 90 степени и правам фотографии.Таму се наоѓа левата притока,чиста ,негибната.Ја нареков "made by God" затоа што во себе носи живот.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]
Не треба да превртуваш камења за да најдеш чаури.Едноставно ги имаше на купови
[ img ]
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

По патот сретнав печурка.Израснала на самиот пат и никој не ја згазнал затоа што никој не поминал подолго време.
[ img ]
Ако нешто ви шушне верувајте дека не е на арно.Овде Црвенкапа нема да ја најдете. :lollol:
Погоре има еден рибник (од Титова Југославија) кој сеуште работи,но не е од комерцијален карактер.Чувар и две три кучиња.После неколку денови промена на чуварот и тн.
Паметно е да не одите како мене
[ img ]
затоа што може да сретнете
[ img ]
Добра страна е што има сигнал,ама ќе ве кошта некој лев . :thumbs_up:
[ img ]
Иначе што се однесува до нашата работа(рибарлукот),фрлав мушичка ама сепак морам да признаам дека реката воопшто не е за овој тип на риболов.Целата е со брзи токови и во каскади.Нинфата нема шанси да се задржи на некое место.
Локалците мислам дека ги фаќаат пастрмчињата на чаура на полупец со подолга трска.Иако тоа е забрането сепак мислам дека нема некој предуслови за мушичка или блинкер.Доколку се испита цел терен можеби би се нашле некој вирови,што не верувам превише, ама веќе во 14 h морав да си заминам затоа што се враќав за Скопје
Од риби милсам дека има само пастрмка и евентуално црна мрена-кркушка.
Бистро

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 1:02 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Илија,
Ја користам едукативна страна на форумот :mrgreen:

1. Не се пишува НИНФА туку НИМФА.
2. Не се пишува ТОК туку ТЕК
3. Множина од КОЈ е КОИ..
За прва лекција сосем доволно. :mrgreen:

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 1:34 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Aj na tekstot, a na slikite ke najdes li maana?

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 8:00 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Да, да си ги подзачитиш ноктите.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 8:40 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Odlicna reportaza od kriva reka.Bravisimo Ile :bravo: :bravo: :bravo:

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 10:33 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Убаво Илија, одлично си ни го прикажал цел тој дел од Крива река во репортажа...секоја чест. :ok_ok:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 10:57 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
:bravo: :bravo:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 3:42 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
ubavo rekice,ubava reportaza koj znae kakvo e rekicevo vo septemvri,

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 3:51 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON837
ЛокацијаCOLONTetovo
Sekoja cest sampione.... Bravos ;) :lepi: :~~

_________________
Just Fish it


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: made by God & made by man( Крива река)
ТемаИспратеноCOLONСаб Jун 15, 2013 5:03 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Одлична репортажа Илија ... 6 месеци го шетав овој предел , прекрасна природа ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum