Што
загубив во Првата крапска лига 2013 до сега?
Ништо,ако не се брои она релативното: пласман, уловени риби, бодови, шанса за одење на СП, малку повредена суета.
Што
добив со Првата крапска лига 2013 до сега?
Многу. Пак се почувствував дека некаде припаѓам. Пак бев и уште сум возбуден пред почетокот на секој натпревар, пак скокав на секое бииип. Тоа е споредното. Добив нови пријатели кои се најголеми виновници за оваа лига, Сашо, Борис, Диме, Гоце, Здравко, Крсте, Сале, се запознав и со нови пријатели, некои стари и нови дечки ....
Пак се создаде клима на предизвици и мачкања паштети, но најбитното е кога ќе се видевме пред натпревар се гушкавме и смеевме, но и кога ќе се соберевме после натпревар си честитавме и повторно се смеевме.
Иако многу не не есапат во овој спорт во државата, ние се есапиме и почитуваме меѓу себе . Што уште сакате. Имаме скоро се што ни треба, а ќе имаме уште повеќе, ако вака продолжиме.
Се гледаме на бити ил не бити 3-то коло, коло кое по се изгледа ќе биде шлаг на целата оваа сезона. Само да се задржи достојанството и да не се дозволи суетата да застане помеѓу нас. А после 3-то коло, пак честитање и смеење. И уште ќе има.
ПС
Има право оној кој вели дека оваа крапџииве се посебна сорта.