Пробан и Спомбот...со Spomb Rod и полна со песок (малку повеќе тежи одколку што би требало) одлично лета и без проблем се зафрлува.
Не запињав нешто посебно да откорнам колку што може, поваќно ми беше да видам како се однесува, но лета без проблем.
Со малку внавикнување на големината и на стапот, слободно 120 до 130 метра без никаков проблем.
Добри страни и се што не ја растура прихраната во текот на летот, држи правец и што можеш прецизно да нахраниш, практично во 10 квадрата да ја истуриш целата прихрана.
Лоша страна е што тоне кога ќе падне во вода па на поголеми далечини 100 метра плус, ни сецкањето не помага за да ја извадиш одма на површина, поготово ако дува малку ветре и прави мев.
Tоа што тонат се старите спомбови,новите се од по лесна пластика и не тонат,одма се влечат по површината на водатата.
_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.